kirilpavlov

Се упокои во Господа старец Кирил Павлов

Вчера вечерта, на 20 февруари, 2017 г., во Переделкино, на 98 години, после долго боледување се упокои во Господа долгогодишниот духовник на Свето-Троицко Сергиевата Лавра, духовникот на Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј II, архимандритот Кирил Павлов.

mladenci

Да дојде Царството Твое

Човекот, преку молитвата, „Да дојде Царството твое, да биде волјата Твоја,“ го зближува Божјото Царство поблизу до неговиот свет, до степен до кој тој постанува како Христа, преку неговиот труд и учество во Животот на Светиот Дух. Преку неговото покајание, човекот започнува да го актуелизира Царството Божјо во себе; тоа започнува да тече од него како жив извор ( Јован 7:38), кој преобразува, осветува, и го преуредува целиот свет околу него…

amvrosy

Гледајќи ги нашите промашувања, гинат нашите браќа – Недела на Страшниот Суд

Денес е Недела на Страшниот суд. Претпоследна Недела пред Великиот пост, во која Господ и Бог наш Исус Христос, обраќајќи ни се од страниците на Евангелието зборува за она, што го чека човекот на крајот на патот. Тоа е смртта и застанувањето пред лицето на Божествената справедливост. Лице во лице со Бога.

avva_ioan_gutu_de_la_colciu

Отец Јован Гуцу од Света Гора

 

Отец Јован Гуцу е еден од најголемите романски старци, кои живееле на Света Гора. Роден е во 1906 година, во Бесарбскиот  реон Сорока, (моментално Република Молдавија) и се упокоил во Господа на 5 Декември,  1996 година во својата ќелија на Света Гора. Живеел и се упокоил во потполно смирение.

antonij

Парабола за Блудниот син – Митрополит Антониј Сурожски

Уште рече: Еден човек имаше два сина. Помладиот од нив му рече на татка си: Татко, дај ми го делот што ми припаѓа од имотот! И таткото им го раздели имотот. По неколку дена, помладиот син, кога собра сè, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно. И откако потроши сè, настана голем глад во таа земја и тој се најде во мака; па отиде при еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своето поле да пасе свињи. И страден беше да го наполни својот стомак со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себеси, рече: Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, умирам од глад. Ќе станам и ќе отидам при татка си и ќе му речам: Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници«  Па стана и отиде при татка си. И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива. И синот му рече: Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син! А таткото им рече на слугите свои: Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; Па дотерајте и заколете угоено теле: да јадеме и да се веселиме, оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде. И почнаа да се веселат. А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, чу песни и извици. Па, како повика еден од слугите, го праша: Што е ова?  А тој му рече: Брат ти си дојде и татко ти закла угоено теле, оти го виде здрав. Тој се налути и нејќеше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. А тој му одговори на татка си и му рече: Еве, те служам толку години и никогаш не ја прекршив твојата заповед; и мене не си ми дал ни едно јаре, за да се провеселам со моите пријатели; а кога дојде овој твој син, што го упропасти својот имот со блудници, за него ти закла угоено теле. А он му рече: Синко, ти си секогаш со мене и сè мое е твое; но требаше да се зарадуваме и развеселиме, оти овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде (Лук. 15, 11-32).

FEATURE-Big-Stock-Plant-New-Life-

Повикани сме за Царство – Свети Игнатиј Брјанчанинов

Да Го прославиме и да Му заблагодариме на нашиот Бог за многуте придобивки кои ни ги даде, за задоволувањето на нашите потреби, за нашиот привремен дом на земјата. Со чист ум, да размислуваме за значењето на овие добротворства; тие се бледа копија на вечните добри нешта.

serafim rose

Подчовечност – Филозофијата на апсурдот / Јеромонах Серафим Роуз

Сегашниот век, во длабока смисла, е век на апсудрот. Поети и драмски писатели, сликари и скулптори го прогласуваат светот како неповрзан хаос, и човекот како дехуманизиран фрагмент од тој хаос. Политиката, без разлика дали е десничарска, левичарска, или централизирана, не може повеќе да се гледа како ништо друго, освен нешто, во кое се состои универзалниот хаос, а за момент, дава привиден одблесок на ред; пацифистите и милитантите крстоносци се обединети во една апсурдна вера во немоќните сили на човекот, дека ќе ја излечат неподносливата ситуација, со средства со кои што може да ја направат само полоша.

sretenie1

Сретение Господово – Станете, о Богоносци!

… Драги браќа и сестри, освен усвојувањето на оваа Божествена вистина, овој празник нè учи многу полезни и добри работи и во однос на нашиот личен живот. Праведниот Симеон, кој по преданието живеел триста и шеесет години (зашто му било претскажано, дека нема да види смрт, додека не Го види Христос Спасителот), кога Го зел во рацете свои Младенецот Христос, се зарадувал со духот и ја испеал прекрасната песна: Сега го отпушташ Својот слуга со мир Владико, според зборовите Твои, зашто го видоа очите мои спасението Твое (Лк. 2, 29, 30).

monk1

Монахот што ја извадил мајка си од адот

Во пресрет на Велигденската Задушница, кога си спомнуваме за сите наши упокоени, отци, мајки, браќа, сестри и чеда наши, ви предложуваме еден расказ, за силата на молитвите и милостињата во нивни спомен:

Епископот Теодорит,  кој што живеел во V век,  разкажува како веднаш по неговата хиротонија за  епископ, дошол еден монах од многу далеку. Го сместил да се одмори и да се нахрани. Кога монахот се нaхранил забележал, дека ја користи само левата  рака и дека  десната рака му е завиткана со некакво искинато расо.

258580.b

Во Грција, Православната Црква протестира против пропагандата на Содомија во училиштата

Грчката Православна Црква продолжува да протестира против одржувањето на тематска недела во училиштата, со наслов „Телото и идентитетот“, во рамките на која професорите ќе ги научат децата под повозрасните класови на толерантност кон хомосексуализмот и транссексуализмот, соопштува грчкиот информативен портал Агионорос.