Соопштение

Почитувани,

Заради воочената потреба јавноста правилно да биде информирана околу сите настани поврзани со канонизацијата на Светата Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска, го упатуваме следното:

СООПШТЕНИЕ

Во Преспанско-пелагониската православна епархија беше формиран Координативен одбор за организација на канонизацијата и прославата на Светата Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска. Одборот благовремено ќе ги известува сите заинтересирани за деталите околу претстојната прослава.

Канонизацијата и прославата на Светата Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска, и целивањето на светите мошти, чија автентичност е потврдена со форензичка анализа, ќе се изврши на 29 и 30.06.2024 г., во манастирот „Свети Јован Крстител“ во Слепче, и во Соборниот храм „Свети Вмч. Димитриј“ во Битола.

Вечерната богослужба и последниот помен на светителката ќе се богослужат во манастирот „Свети Јован Крстител“ во Слепче, со почеток во 17:00 часот.

Светата Архиерејска Литургија со објавување на Одлуката на САС на МПЦ-ОА, за впишување на Света Стефанида во списокот на светите, ќе се служи во Соборниот храм „Свети вмч. Димитриј“ во Битола, со почеток во 09:00 часот.

Официјалното Житие, Служби и Акатист на Преподобномаченичката Стефанида Битолско-скадарска, составени се од сестринството на манастирот „Свети Јован Крстител“ во Слепче, а со благослов на надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, наскоро ќе бидат објавени.

Сите дополнителни новости, поврзани со канонизацијата и прославата на Преподобномаченичката Стефанида, ќе бидат објавувани на официјалниот интернет портал на Преспанско-пелагониската православна епархија.