leaning-on-the-beloved-danielle-bilen

Средба лице во лице

Лицето на човекот е најсовршен одраз на неговата личност. На лицето – очите, челото, насмевката, целокупниот израз кој лицето го дава – се одразува целиот внатрешен свет на човекот и најголемите длабочини на неговото битие. Затоа, во православната вера која почива на тајната на личноста и личниот однос на човекот со Бога и со другите луѓе, толку е важно местото на иконата – на која секогаш доминира Ликот Христов или ликовите на Неговите Светители. Застанувајќи пред иконата, ние секогаш застануваме пред самото лице на нејзиниот изобразен првообраз. Иконата е најречит збор и сведоштво и за Бога, и за човекот, и за нивниот меѓусебен однос кој е исполнет и остварен единствено ако е однос лице во лице.

0-02-05-e8e0f71dee81ef75a4d6741a44d78d9e27a2a0c4fa430e71e9ff481d8622af5e_full

Ревност – На Св. Илија

Единствено тебе
величание се двоумам да ти вознесам,
ти кој го туркаш нашето бреме
а ме оставаш со духот мој по тебе да талкам.

elisaveta

Таа одеше по Христа – Беседа за великата кнегиња Елисавета Фјодоровна

„Господи прости им, оти не знаат што прават!“ – тоа била последната молитва на великата кнегиња Елисавета, пред да ја проголта црната провалија од напуштениот рудник.

Таа, свесно одела кон таа бездна и категорички одбила да ја напушти Русија, кога завладеало беззаконието. Таа одела по Христа и нејзините духовни очи, ја следеле светлината на Воскресението, која блескала во провалијата. Што ја довело до далечното уралско гратче Алапајевск, кое ќе стане нејзина Голгота – нејзина, на благородничката, туѓинката?

svetiilija

Илинденскo послание

† СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,

ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,

ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,

МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА

НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,

20

Пеперутка – На св. Марина

Возвеличуваме величина
стокмена во маленкост,
се радуваме на телесна недооформеност
води младешки запреа во нерамнина.

Тивко, тивко,
Радувај се, Света Марино !

Photo 7-28-17, 1 08 34 PM (1)

Свети Архангел Гаврил – Довлеџик

На 26.07.2017 г., се прослави споменот на светиот Архангел Гаврил во манастирот посветен на Светите Архангели во Довлеџик, Битола.

На Вечерната богослужба и на Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

Епархиско списание „Вистина“ бр. 94

0-02-04-0262bedd22bd694017b0ad9df966e49404ccc86e4f4b06ffe0a6dd6cf1242a83_full

Грижи

Не дојдоа сами до мене
Не се накалемија без основа
Сенки се кои одат по мене
Плодови на Твојата доброта

angel

Што се всушност ангелите и која е нивната функција? – Проф. м-р Борче Грамбозов

26 Јули: Собор на Св. Архангел Гаврил

Во заедничката светоотечка линија, целото создание (сè што постои) е икона на Троичниот Бог. Меѓутоа, во созданието постои еден таков редослед, за да учеството и резултатите во Божествените енергии на секој дел од созданието се различни (‘Ιωάννου Δαμασκηνοῦ, Έκδοσις ἀκριβής τῆς ορθόξου πίστεως 2, 4 PG 94, 868A). Фазите на создавањето започнуваат од светот на духовите.

IMG_2295

Седма недела по Педесетница

На 23.07.2017 г., во Седмата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другитеПреподобен Антониј, Киево-печерскиПренос на чесната риза на Господ Исус Христос; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Свети Димитриј, во Битола.