Поуки 2014

Во состојба на молитва, човек не ја знае ни својата возраст, ниту својата општествена или хиерархиска положба. Сите поединости од земниот живот ги надминува.

Старец Софрониј Сахаров

Наша должност е да се молиме искрено за сите луѓе, за Бог да им даде мир и радост на сите.

Старец Тадеј Витовнички

Нахранување на гладните е поголемо добро од восреснување на мртвите.

Св. Јован Златоуст

Постот е прекрасен бидејќи ги фрла нашите гревови како валкана трева, додека ја негува и воздигнува вистината како цвет.

Св. Јован Златоуст

Постот и бдеењето, проучувањето на Светото Писмо, откажувањето од личната сопственост и сè световно не се самите по себе совршенство, како што рековме, тие се алатки. Зашто совршенство не може да се пронајде во нив; се стекнува преку нив. Бескорисно е, според тоа, да се фалиме со нашето постење, бдеење, сиромаштија и читање на Светото Писмо, кога не сме ја достигнале љубовта на Бога и нашите ближни. Секој кој има постигнато љубов го има Бога во себе и неговиот ум е секогаш со Бога. Свети Јован Касијан

Треба да му ги дадеме сите проблеми, какви и да се на Бог, како што велиме во Божествената Литургија дека „ целиот наш живот на Христа нашиот Бог го предаваме “. Ние ти даваме сè Тебе, О Господи. Како и да повелиш, нека биде Твојата волја на земјата, како што е и на небото.
Свeти Порфириј Кавсокаливит

Преку вистинска љубов за Бог можеме да ги искоренеме страстите. Љубовта кон Бога е ова: да го избереш Него наместо светот.

Св. Максим Исповедник

Во подготвувањето на вашите деца за живот во светот, дали се погриживте да одделите време да посадите во нивните срца вера и страв од Бога, кои ќе бидат нивни водичи во иднина? Молете се на Господ да ги заштити нивните срца од каколот кој е посаден меѓу житото од непријателот.

Свети Макариј Оптински

Тој што не се моли или не му служи на Бога со своето срце, не се моли воопшто, зашто во тој случај, само неговото тело се моли, а телото без умот не е ништо повеќе од земја. Запомни кога се молиш, дека стоиш пред Самиот Бог, Кој ја има мудроста над сè. Затоа твојата молитва нека биде, така да се каже, целата дух, целата разбирање.
Свети Јован Кронштадски

Кратка поука

Читај ги Отците, дури една до две реченици на ден. Тие се зајакнувачки витамини за душата.
Св. Паисиј Светогорец