На 30.08.2026 година, во Тринаесеттата недела по Педесетница, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Светиот маченик Мирон, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Димитар Михајловски и протоѓаконот Златко Костовски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“, при храмот „Сите Македонски Светители“ во изградба, во Битола.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.









