ГОЛЕМО ОСВЕТУВАЊЕ НА ХРАМОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО СЕЛО БЕРОВЦИ

На 06.09.2026 година, во Четиринаесеттата недела по Педесетница, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Евтихиј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, изврши Големо осветување на храмот „Свети Никола“ во село Беровци, Прилепско архиерејско намесништво.

На овој свечен и благословен чин сослужуваа протоереите-ставрофори Никола Грамбозов, Влатко Ристески, протоереите Дејан Секулоски, Злате Стефановски, ереите Благоја Трајковски, Кирил Донев и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски.

По Големото осветување беше отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија, на која многубројниот верен народ молитвено учествуваше и се причести со Светите Христови Тајни.

Овој свечен ден ќе остане запишан во духовната историја на село Беровци, а новоосветениот храм, по молитвите на Свети Николај Чудотворец, нека биде место на молитва, благодат и духовна утеха за сите верни.