Молитвата ги прави луѓето поубави

Сакале или не, нас цел живот нè придружуваат некакви огорчувања. Некогаш доаѓаат по наша волја, поради тоа што не знаеме да управуваме со нашите душевни сили, а некогаш – од незнаење, од тоа, што правиме некои грешки, големи или мали, или од тоа, што некој е премногу чувствителен. Огорчувањата нè притискаат, и стрмоглаво нè повредуваат.

Често се случува, отпрвин човек се вознемирува од нешто конкретно, но потоа, тоа страдања во еден момент станува беспричинско, и трае цели месеци, па дури и години, и човекот доаѓа до депресија, до многу непријатни духовни состојби.

Како правило, кај младината огорчувањата се заради љубовта, најчесто – од тоа што младите љубат, а нивната љубов не се реализира. И јас се убедив, дека на младите, бидејќи не се молат, им е потешко да си дојдат при себе. Додека пак старите, и заради својата возраст, се повнимателни кон молитвата, и побрзо си доаѓаат при себе.

Неодамна исповедав една старица. Таа имаше толку светло лице, беше толку радосна! И ја прашав:

– Зошто си толку радосна? Ниту еднаш до сега не сум видел толку светол човек како тебе.

Таа немаше големи гревови, но бидејќи имала некои недоразбирања во минатото, сакаше да ме праша за некои свои проблеме, јас поразговарав со неа и ја исповедав.

Кога заврши исповедта, таа ми раскажа, дека кога починал мажот ѝ, таа две години страдала многу. Отпрвин, причина за тагата било тоа, што нејзиниот маж умрел и таа останала сама. После два месеци, тагата станала уште подлабока. Ако отпрвин за неа имало повод, сега него го немало: таа се помирила со загубата. „Ќе се сретнам ли со мажот ми во вечноста? Се спаси ли тој?“ – се прашувала себеси. Одела во црква, се молела, но сепак, тагата не поминувала. И таа започнала да се моли повеќе, но колку повеќе се молела, толку тагата станувала сè посилна и посилна – без никаква причина. И во еден момент, после повеќе од година, таа рекла: „Господи, ако не ја одземеш од мене оваа тага, јас ќе умрам. Ќе умрам од тага. Повеќе не можам! Уште колку ќе издржам вака?“

Две години таа преживеала во таа тага. Дошла до многу тешка состојба: ни дење, ни ноќе не можела да заспие од своите мисли. Добила несоница.

И така, еднаш навечер се молела во солзи. И задремала. На сон ли било, или на јаве – таа не знае. Но, одненадеж видела, како нешто се отвора пред нејзините очи, како некое поле, и гледа таму огрномно мноштво луѓе, кои шетаат ваму-таму со лажици во рацете, дрвени, а во нивните лажички имало – колку може да се стави во една лажичка? – глина, земја. И таа ги прашала: „На што се радувате толку, добри луѓе?“ – „Па, ние имаме лажичка со глина!“ – „Затоа и толку се радувате?“ – „Да. Ние се спасивме, и ова – е нашето наследство од Бога“, – рекле тие. – „Како, наследство – само една лажичка глина, и вие се радувате со тоа?„ – „Да!“

„Види, види… – помислила таа. – Зошто да тагувам јас, ако овие луѓе заради една лажичка глина… А јас имам и дом, каде да живеам, има луѓе, кои се грижат за мене, а јас цело време сум незадоволна и тагувам. Овие луѓе… За таква мала работа…“ И тогаш, толку се зарадувала нејзината душа! Како радоста да ѝ се предала од тие луѓе.

И тогаш се сетила: „Но, каде е сега мојот маж? Се спаси ли тој?“ И тогаш гледа, се отворило ново поле, а таму – прекрасна градина, и гледа во градината некои луѓе. Влегла во градината. И во еден момент, и се покажало како да го препознава мажот ѝ од зад грб. Дошла кај него, го допрела по плеќите – тој се завртил, и навистина бил нејзиниот маж. Но, тој не покажал никаков восхит, од тоа што ја видел. Ја гледал долго-долго. „Ти си мојот маж! – и го прегнала, бакнала…- Што, не си среќен што ме гледаш?“ – „Па, да. Среќен сум, што сум во оваа градина, во рајската градина“. – „Како така?“ – „Така. Погледни, Бог ми ја даде во наследство оваа градина и ме постави да ја обработувам. А тие, што се со мене, се мои слуги“. – „Како! Да? Си станал толку голем човек овде?“ – „Јас не сум голем. Ова е мое наследство. Затоа се радувам. А ако ти бидеш истрајна во молитвите, ги извршуваш навреме, и се исповедаш искрено и чисто, и ти ќе дојдеш на вакво место. Можеби не овде, можеби на друго место, подобро од ова; а можеби и полошо. Како ќе заслужиш. Но, ако дојдеш овде, само тогаш ќе бидам среќен за тебе!“

Таа се зачудила од неговите зборови и се прашала: „Значи се спаси тој или не?“ И со таа мисла, се разбудила.

– Се разбудив, и од таа иста минута, додека уште бев на колена, толку се запечати во мене таа радост, што две години јас ниту еднаш не ја изгубив.

Гледаш, што значи тагата, кога човек верува? Тој ја претвора во душевна убавина, во светлина, во благодат Божја. Затоа што, ако таа не би ја имала таа тага, не би се ни молела толку.

Сите искушенија се многу важни. Тие го менуваат човекот сè повеќе и повеќе. Колку е потемен мракот во твојот живот, толку подобро ќе ја разликуваш светлината. Сфаќаш што е светлина, и знаеш да го цениш тоа.

Често, ние сме малодушни од тоа, што немаме длабоки убедувања. Убеденоста пак, доаѓаат од опитот. А немајќи ја таа убеденост, ти не можеш да не се колебаш, зашто непријателот се моли за тебе како лав.

И така, опитот на молитвата, ги прави луѓето убави.

 

Јеромонах Филотеј (Тифињук)