На 13.09.2026 г., во Петнаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот Кипријан Картагински, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Сотир Гочевски, протоерејот Михаил Матвеев, ерејот Сретен Анѓелкоски и протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски и Константин Сековски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во Ресен.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.












