„Подоцна е од што мислите“
Јеромонах Серафим (Роуз) од Платина (1982)
Никој човек не знае кога ќе дојде крајот на светот. Навистина, часот за крајот на светот, не беше објавен од страна на Отецот ниту човечката природа на Синот (Мат.24,36). Во Евангелијата, Синот Божји ни кажува за знаците коишто мора најпрво да се случат непосредно пред крајот на светот. Какви се тие знаци и какви заклучоци можеме да извлечеме од времето во кое живееме?
Дванаесетте знаци кои мора да се случат пред крајот на светот, објавени се по следниот распоред:
- Многумина ќе дојдат во името Христово и ќе прелажат мнозина (Мат.24,5; Мар.13,6; Лука 21,8).
- Ќе има војни и гласови за војни помеѓу народите и царствата (Мат.24,7-8; Мар. 13,7-8; Лика 21, 9-10).
- Првите болки ќе бидат во форма на катастрофи: глад, помор и земјотреси на различни места, страшен призор и големи знаци на небото (Мат. 24, 7-8; Мар. 13, 8; Лика 21,11).
- Православните христијани ќе бидат предадени на маки, убивани и намразени од сите народи (Мат. 24, 9; Мар. 13,9-11; Лука 21,11).
- Насекаде луѓето ќе се мразат и предаваат еден со друг (Мат. 24, 10; Мар. 13, 12-13; Лука 21, 16-17).
- Ќе се појават многу лажни пророци и ќе прелажат мнозина (Мат. 24, 11).
- Бидејќи беззаконијата ќе се умножат, љубовта кај многумина ќе олади. Само оние што ќе издржат до крај ќе бидат спасени (Мат. 24, 12-13; Мар. 13,13; Лука 21, 19).
- Евангелието ќе биде проповедано низ целиот свет, за сведоштво на сите народи (Мат. 24, 14; Мар. 13, 10).
- После ова Евреите ќе постанат Православни христијани (Рим. 11, 25-28).
- Подготовките ќе бидат направени за Антихристот, уште и наречен син на погибелта и ѕвер. Предводен од лажни пророци и лажни знаци и чуда, Антихристот ќе биде господар на измамата одземајќи им ја слободата на луѓето, но убедувајќи ги нив дека тие се ослободени. Тој ќе ги прогонува вистинските Христови слуги со голем гнев и бес.
Ерусалимскиот храм ќе биде повторно изграден, за во него да биде востоличен на местото од Христос, оттаму е и неговото име „Антихрист“, оној што ќе застане на Христовото место. (Мат. 24, 15-24; Мар. 13, 14-22; 2 Сол. 3-11; 1 Јв. 2, 18; Откр. 13, 1-8).
- Знаците ќе се појават на небото, сонцето ќе потемне и месечината нема веќе да ја дава својата светлина, ѕвездите ќе паднат од небото, морето и брановите ќе рикаат и силите небесни ќе се разнишаат. (Мат. 24,29; Мар. 13, 24-25; Лука 21, 25-16).
- Знакот на Синот Човечки (Крстот) ќе се појави на небесата и со тоа ќе започне Второто Христово Доаѓање со сила и голема слава.
Ангелите ќе бидат испратени за да ги соберат заедно избраните од четирите ветрови, од едниот до другиот крај на небесата. (Мат. 24, 30-31; Мар. 13, 26-17; Лука 21, 27).
Како што изгледа во погоре реченото, ние сме во искушение да помислиме дека првата половина од овие знаци, првите шест, веќе се исполнија.
Во врска со првиот знак, низ вековите навистина многумина дојдоа, нарекувајќи се себе си Христоси и прелажаа мнозина. Во врска со вториот знак, 20 век, а особено почетокот на 21 век се обележани како години на „војни и гласови за војни“. Третиот знак, природните катастрофи навистина се случуваат, како што се гладот, поморот, земјотресите кои ги има насекаде низ светот. Четвртиот, Православните христијани насекаде низ светот се предавани на маки, убивани и намразени. Петтиот знак, исто така се појави, бидејќи модерниот свет е преполн со „омраза и предавства“. Шестиот, ова време изобилува со лажни пророци „кои прелажуваат мнозина“.
Како и да е, има и такви кои одат подалеку со своите толкувања на овие настани. Тие би рекле дека сега сме три четвртини од крајот на светот, со откровението на следните три знаци. За нив седмиот знак, беззаконијата се намножени и љубовта кај многумина навистина е оладена. И осмиот знак веќе е на пат, Евангелието е проповедано низ целиот свет, особено со ослободувањето на Русија и глобалните народни движења, Православното христијанство се шири буквално низ целиот свет. Доаѓа време кога нема да постои човек на земјата кој не слушнал за Христос и Православната Црква.
Во однос со деветтата точка, факт е дека многу Евреи, особено во Русија во последните години, се покрстени во Православна вера.
Ако е ова така, тогаш ние го чекаме подготвувањето на деветтиот знак.
Што можеме да кажеме за ова, финалната подготовка за доаѓањето на Антихристот?
Бидејќи Антихристот е татко на лагата (Јв. 8,44), неговиот измамнички план е на повидок во сите пори на општественото живеење. Тој е присутен преку пропагандата на модерните медиуми, рекламирањето и маркетингот, преку дрогата наречена телевизија, компјутерскиот свет и останата модерна технологија, надолната линија на модерното образование – „постојано учење“, а никогаш не научување на единствената вистина (2Тим. 3,7).
Преку овие и други инструменти за контролирање, луѓето се манипулирани и поробени во прелест, од оние чијшто интерес е да ги контролираат.
Мудроста го напушти градот.
Замислувајќи дека сеуште слободни, народните маси се поробени во долгови (гревови). Долгот е покриен под илузијата на спротивното – „кредитот“, „слободата“ за да купат што сакаат и кога сакаат.
Измамите поврзани со глобалното единство и мирот, денес ни се ветуваат преку физичката (телесната) наслада и комфорот. Цената што ја плаќаме е слободата, која мора да им ја предадеме на самопрогласените „демократи“ кои се всушност диктатори.
Преку апостасијата (отпадништвото) од верата во Воскреснатиот Христос, отпаднатите ја губат својата слобода заради стравот од смртта, а Воскресенската вера насекаде се негира. Овие отпадници плашејќи се од телесната смрт, ќе бидат психолошки поробени од Господарот на лагата и измамата и ќе бидат подготвени да направат сѐ со цел да ги зачуваат своите земни животи. Антихристот ќе дојде да го заземе сега слободниот престол во човечките души.
Жесток отпор на последните Христови слуги, сеуште верувајќи во Воскресението и одолевајќи на Антихристот, ќе започне уште еднаш.
Започнувајќи од враќањето на Евреите во Светата Земја и воспоставувањето на Еврејската држава, сите планови се изготвени за повторна изградба на Ерусалимскиот храм и за обожување на Антихристот во него.
Што треба да мислиме?
Многу лицемери ќе ја пропуштат оваа статија како нешто не сериозно, како нешто панично, нешто што сее страв. Тие ќе речат дека многумина го објавиле крајот на светот и постанале предмет на потсмев. Ова е вистина, но тие постанале предмет за подбив, бидејќи не го познавале Светото Писмо и негирајќи ги Христовите зборови дека „никој човек не го знае тој ден и час“ (Мат. 24,36), тие го пресметуваат точниот датум за крајот на светот. Од ова научивме дека секогаш е глупаво да ги презираме зборовите на нашиот Спасител и да го негираме Светото Писмо.
Други критичари велат дека многумина го предвиделе крајот на светот, но без да го прецизираат датумот, па сепак погрешиле. Како и да е, многумина од овие не го предвидуваат крајот на светот, туку само предвидуваат крај на светот.
Со други зборови, крајот на светот ќе дојде доколку не се покаеме.
Неизбежните настани пророкувани од Христос и Евангелијата, можеме да ги сместиме во минатото или да ги очекуваме во иднината. Имаме слобода да го забрзаме доаѓањето на Антихристот или да го одложиме. Тоа зависи од оваа последна група, на која и ние самите припаѓаме. Не дека ние сме пророци или дека имаме некоја друга доблест, туку затоа што ние, како и милиони други, едноставно се држиме до две илјади годишната Православна христијанска вера, вера во Христовата Црква, вера во Воскресението. Секако, никој не ги знае времињата и годините (1Сол. 5,1), но доколку сега не постои покајание, јасно е дека еден ден нема да има повеќе времиња и години.
Отец Ендру Филипс
Наслов на оригиналот:
The twelwe sings of the end of the world by father Andew Phillips „The voice“ January 2005.
Извор: весник „Вистина“ бр. 77