Трагедија на Прочка – петмина убиени за време на Вечерната богослужба во Дагистан

Во неделата на Прочка, на 18.02.2018 г., после Прошталната Вечерна богослужба, во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Кизлјар (Дагистан), беа убиени 5 жени, а седуммина беа повредени.

284214.pУбиецот вооружен со ловџиска пушка, муниција и нож, викајќи „Алах екбер“, почнал да стрела во храмот каде смртно ранил 5 парохијанки, а уште седуммина биле ранети.

После првите истрели, храмот бил затворен и веднаш била повикана полиција. Убиецот се обидувал да се пробие внатре, но благодарение на навременото реагирање на полицијата, започнала престрелка, во која двајца полицајци биле ранети, а терористот бил убиен.

22-годишниот Халил Халилов пред неколку месеци, снимил видео во кое чита заклетва кон Исламската Држава, а убиството на невините луѓе во храмот го сметал за одмазда за „убиствата на муслиманите во Сирија“.

Тој ги повикува своите истомисленици да извршуваат терористички напади насекаде во Русија, вклучувајќи и за време на Светскиот Шампионат за фудбал. Според  Directorate 4,  одговорноста за убиството ја презела Исламската Држава.

Имињата на убиените се:

  1. Лјудмила Георгиевна Шчербакова, заслужен лекар на Република Дагестан.
  2. Вера Гавриловна Моргунова, претседател на Советот на ветерани од војната.
  3. Надежда Сергеевна Терлијан,
  4. Ирина Сосиковна Мелкомова
  5. Вера Сергеевна Блиникова.

Во стрелбата пострадаа:

  1. Надежда Николаевна Кушнарева,
  2. Наталија Александровна Плетухина,
  3. Солтансојгид Елбрусович Хизриев, постар наредник,
  4. Магомед Абакарович Рамазанов, наредник на полицијата.

284213.p

За загинатите, секретарот на Махачкалинската епархија, јеромонахот Јован (Анисимов) рече: „Тоа беа светли луѓе. Двете од загинатите беа родени сестри, едната беше лекар, која ја знаеја сите во Кизлјар, а другата – државен службеник, и помошничка во нашиот храм. Уште една жена, која просеше милостина околу храмот. Четвртата од загинатите долги години професорка, како пензнионерка стана активен член во нашата парохија, организираше поклонички патувања во Дивеево, Валаам… Не можам да поверувам дека ова се случува со нас“.

Свое сочувство до семејствата на загинатите изрази и Неговата Светост,  Рускиот Патријарх Кирил.

Еден од последните записи на Вера Сергеевна Блиникова на нејзината страничка „Однокласники“ била фразата:

„Кои сме ние да не си ги проштеваме навредите едни на други, кога дури и Бог ни ги проштева нашите гревови?“

Бог да ги упокои нивните души и да им подари Царство Небесно!

Извор: http://www.pravoslavie.ru/110810.html