Архиерејска Вечерна богослужба во хармот Света Великомаченица Недела – Битола

На 19.07.2026 година, во предвечерието на празникот на Светата Великомаченичка Киријакија (Света Недела), Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи празнична Вечерна богослужба во храмот „Света Великомаченица Недела“ во Битола.

Во молитвена атмосфера, бројниот верен народ заедно со својот Архипастир го дочека празникот на светата Христова великомаченичка, вознесувајќи молитви кон Бога и прославувајќи ја нејзината непоколеблива вера, храброст и маченички подвиг.

По завршувањето на Вечерната богослужба, во храмот се одржа духовен концерт на Византискиот хор „Свети Нектариј Битолски“. Со изведбата на византиски црковни песнопенија, хорот придонесе за уште посилно духовно доживување на празничната вечер, исполнувајќи го храмот со молитвена радост и благодатно расположение.