Воскресна вечерна богослужба во манастирот Свети Јован Крстител – Слепче

На 06.06.2026 година, во предвечерието на Неделата на Сите Светии, во манастирот „Свети Јован Крстител“ во с. Слепче, беше отслужена празнична Воскресна вечерна богослужба, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Цетињски и Митрополит Црногорско-приморски г. Јоаникиј.

На богослужбата молитвено присуствуваше и надлежниот епархиски Архиереј Преспанско-пелагониски г. Петар, како и бројно свештенство, монаштво и верен народ.

Воедно, беше прославен споменот на Светата Стефанида Битолска и Скадарска, чиј светол пример на вера, благочестие и верност кон Христа останува трајно сведоштво за православниот народ на овие простори.

Во текот на вечерната богослужба, Митрополитот г. Петар, изврши монашки постриг на искушеничката Стефанида, која беше облечена во расо, примајќи го овој значаен чекор на патот на монашкото послушание и духовно усовршување.