За добрата лудост – Свештеник Владимир Дојчев

Много ми е мачно, што денес луѓето ретко читаат житија на светии. Тие изиграа (а и до денес играат) огромна улога во мојот живот, затоа што се извори на вера и надеж. Кога човек чита за светителите, разбира дека напишаното во Евангелието е вистина. Дека Евангелската историја продолжува и Христос навистина е со нас и ќе биде со нас до свршетокот на светот. Дека Светиот Дух го променува човекот и го прави великолепен.

Сега не живееме во време, во кое што е модерно да си православен. Но и наспроти тоа, секој непристрасен „истражувач” лесно ќе забележи, дека никоја религија, философија или идеологија не раѓала такви луѓе, какви што има во Црквата. Не говорам за чудата, кои што човек може да ги направи со себе си. Веднаш ми го спротивставија фактот, дека во источните религии луѓето можеле да си ги пробиваат главите од крај до крај и да останат живи… И други слични нешта, како на пример да си ги кренат нозете зад глава. И сеуште се чудам, зошто му е на човекот да си ја пробива главата и да си ги качува нозете на неа? Категорично не сакам таков човек за пријател… Не, не зборувам за тоа!

Православната Црква непрестајно раѓа луѓе, во кои што има изумителна, потресувачка љубов. Љубов, во која што нема ни капка егоизам и себеистакнување. И таа љубов навистина прави чуда. Затоа што Глава на Црквата е Бог. И затоа што Тој е дивен во Своите светии. (Пс. 67:36 – заб. прев.)

И токму затоа ми е мачно. Се однесуваме така, како житијата да се само истории за едно одминато време. „Сега работите се поинакви – велиме. – Ние живееме во време на мали подвизи.” Еднаш го прашале св. Серафим Саровски зошто е намален бројот на светите луѓе. А тој одговорил, дека Бог е еден и ист во секое време, но намалена е решителноста. Решителноста да го сакаш Бога и ближниот е намалена за сметка на едно „комфортно христијанство”. Чиниш, сме го откриле најудобниот пат за Рајот. Чиниш, порано стигнувале до него пеш, а денес има автомобили, автобуси, па дури експресни возови.

А старецот Пајсиј и преподобниот Порфириј како еден човек кажуваат, дека кога  човекот навистина ќе го засака Бога, тоа заприличува на една божествена лудост. И мене ми се чини, дека нема поточна дефиниција за житијата на светителите. Ние не сме како нив, затоа што сме премногу нормални. Во најлошата смисла на таа мисла.

Нашата „нормалност” се изразува преку тоа, што секогаш се сеќаваме што е најкорисно за нас. Во божествената лудост, човекот заборава за себе си од љубов. Видете што рекол ап. Павле: „Би се молел, јас да бидам одвоен од Христа за браќата мои, сродници по плот” (Рим. 9:3). Каков човек е ова? Да сака да го смени сопственото спасение за спасението на оние, кои што му ја посакуваат смртта… Ќе кажете: „Ама тоа е ап. Павле, а денес нема такви луѓе.” Нема ли? Раскажуваат како старец Пајсиј страдал заедно со луѓето, кои што доаѓале кај него. Соучествувал во нивните болки и затоа заборавал на себе си и на своите болести, постел прекумерно и се молел: “Христе мој, остави ме мене, не обрнувај ми внимание. Помогни им на луѓето, кои што страдаат.” Така ги исполнувал зборовите на св. Исак Сирин, дека “Божјата љубов се наоѓа во одрекувањето од себе си.”

Преподобниот Порфириј Кавсокаливит пак, пред крајот на својот живот бил болен од рак. Трпел големи болки, но притоа не пиел лекови против болка. Претпочитал да трпи ради Христа. „Некој ќе каже, дека тоа е лудост, но мене ми се допаѓа таквата лудост. Не го терам никој да го прави истото” – велел тој. Љубовта е посилна од секоја болка.

Но, некој пак ќе се спротивстави: „Таквите луѓе се единици.” Е, добро, што да правиме тогаш? Да стоиме со скрстени раце и да чекаме Христос да направи сè. Тоа љубов ли е? Нели Господ вели: „Кој што не го зема својот крст, и не врви по Мене, не е достоен за Мене.” (Мат. 10:38) А нам ни е страв да не си го расипеме ќефот и затоа само филозофираме. Но не се стремиме ниту да угодиме на Христа, ниту пак сакаме да учествуваме во болките на ближните.

Кога св. Антониј бил млад тој ги чул мислите на Христа: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај си го имотот, и раздај го на сиромаси; и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене.” (Мат. 19:21) Ги гледате тие мисли: „Ако сакаш да бидеш совршен.” Преподобниот поверувал, ги исполнил, и бил наречен голем пред Господа. А ние? Ние живееме во едно време оскудно на духовна амбиција… Што да одговориме: „Ех… дури совршен – не… Можеби сакам да сум добар, свесен… Но не, совршен звучи премногу ангажирувачко.”

Еднаш, кога сеуште бев ученик, еден пријател ме праша зошто кога момчињата се враќаат од касарната веќе не се истите, чиниш, дека немаат веќе сништа. Сега можам да му одговорам – затоа што таму пораснуваат, повторно во најлошата смисла на мислата. Разбираат, дека човекот може да живее и без мечти, без совршенство. Некако си се помирува. Успева да најде удобен пат во животот, кој што не е совршен, но е помалку болен. Точно тоа не го правеле светителите. Свети Мина отишол среде еден јазичнички празник и го разобличил како бесовско собиралиште. Додека го измачувале и му предлагале да се откаже од Христа, тој одговарал: „Не бев баран, сам дојдов.” И ги победил мачителите. Истото е и со сите Христови страдалници.

Свети Нектариј Егински, кој поголемиот дел од животот страдал од современите мачители – интригантите и клеветниците, наспроти сè, претпочитал да се моли за нив. Разбрал, дека е подобро тој да страда несправедливо, отколку тие да си го добијат заслуженото. Или пак нашиот современик – старец Ефрем Катунакиски, кој што многу години се покорувал на еден старец со тежок карактер. Знаете ли какво маченичештво е тоа? Како стенка душата при секоја несправедливост, дури не се очисти. Ном отец Ефрем не го сменил својот старецот и така добил венец на светост од Господа.

На светот постојат многу навреди. Според мене, една од најтешките од нив е да кажат на некого, дека е компромисен човек, т.е. таков, кој што прави компромиси со верата заради задоволства. Светителите токму затоа се велики, затоа што не правеле компромиси со себе си. Имале желба да стигнат далеку. Не е потребно да се враќаме многу назад, за да видиме примери кои здивот го запираат во таа насока. Старецот Јосиф Исихаст имал такво видение – ликови на монаси, свештеници, мирјани приготвени за битка со огромно мноштво бесови. Старецот раскажувал, дека во предните редици имало многу малку луѓе. А тој чувствувал голема омраза кон бесовите и сакал да застане на првиот ред. Подвизите, кои што старецот ги извршил докажуваат, дека тој навистина бил меѓу тие „на првиот ред”. Кој го терал? Никој! Сè направил од љубов, но така ја променил целата Света Гора. А во почетокот некои го мислеле за опрелестен. Дури подоцна сите разбрале каков светител е. Плотската „разумност” често ја критикува божествената лудост.

Ние сами избираме да сме мали садови. Затоа што малку љубов е удобна љубов. Преку неа можеш да го комбинираш некомпатибилното – Исусовата молитва и смартфонот, истенчените гозби и постот, надуеното држење и богословието, удобниот живот и подвизите. Некој ќе каже: „Јас ја немам нивната сила.” Да, и јас ја немам, и јас сум жален претставник на 21 век. Но големата победа на светителите не е заради нивните телесни подвизи, туку поради огромните души и способноста  да се жртвуваат, да се каат и да се смируваат.

Намерно дадов примери со современи праведници. Затоа што сум убеден, дека и тие сега ликуваат со соборот на сите светии во Царството Небесно. И затоа што нивниот пример покажува, дека стремежот кон совршенство е достапен и сега. Просто треба да си спомнеме какви сме биле преди касарната (што и да означува тоа). Треба да се сетиме на детската амбиција, која што се раѓа од чистата љубов. Соединета со зрелото познавање на Господовите заповеди, таа и за нас може да даде чудесни резултати. Време е да имаме решителност да се оставиме себе си и да се „разболиме” од божествената лудост на светителите.

Извор:http://pravoslaven-sviat.org

Превод: Божидар Маслинко