Спомен на преподобниот отец наш Дамјан Есфигменски

Преподобниот отец Дамјан дошол многу млад во манастирот Есфигмен на Света Гора, каде што живеел примерен монашки живот. Потоа се осамил и безмолствувал во близина на манастирот Есфигмен, на ридот наречен Самарија, кој се наоѓал измеѓу манастирите Есфигмен и Хиландар. Уживал особено пријателство со свети Козма Зографски, како што се гледа од житието на првиот. Блажениот Дамјан беше вистински послушник и сигурен чувар на татковските заповеди. Тоа посебно се гледа од следното.

Тој имаше заповед од својот старец: никогаш да не преноќува надвор од својата колиба. Еднаш, отишол кај некој духовник кој живеел во близина на манастирот Хиландар. Но, бидејќи не го нашол дома, чекал сè додека не почнало да се стемнува. Оставајќи му порака, светителот тргнал кон својата колиба. Но, бидејќи било доцна, а и времето магловито и врнежливо, браќата на келијата го молеле да преноќева кај нив. Но Дамјан, имајќи ја на ум заповедта на својот старец, не се согласи на нивната молба и тргна кон својата колиба. Но, поради големиот дожд и мрак, бргу залутал од патот. Не знаејќи ни каде да оди, ни каде се наоѓа, преподобниот повикал од длабочината на душата: „Господи Исусе Христе, спаси ме, загинувам!“ – И погледни, чудо! Во истиот миг, на некој непознат начин тој се нашол пред својата колиба.

По упокојувањето на преблажениот, кое беше во 1820-та година, четириесет дена од неговиот гроб излегувал неискажливо убав и толку силен мирис, што дури и долу, во манастирот Есфигмен, на растојание од пола час одење, отците го чувствувале. Така Бог го прославил Својот угодник поради богоугодната чистота и вистинската возвишеност на неговиот живот.

По неговите молитви и ние да се удостоиме за вечната слава! Амин.

IMG_3016
Пештерата на Св. Козма Зографски, Света Гора

Извор: https://svetosavlje.org/zitija-svetih-10/29/