Покајанието е двиг на љубов

Не е доволно да се препознаваат гревовите и да се исповедаат. Покајанието останува бесплодно без желбата да го промениме животот, да се вратиме на Бога, да започнеме со движење кон вознесение и прочистување. Мора да разбереме дека сме ја изгубиле духовната убавина и чистота и мора да сакаме да се опоравиме: „… Ќе се вратам кај сочуствителниот Татко плачејќи со солзи: Прими ме како еден од Твоите слуги.“

На Утрената го пееме Псалм 137; „Крај реките вавилонски – таму седевме и плачевме, кога ќе се сетевме на Сион… Ако Те заборавам тебе, Ерусалиме, – нека ме заборави мојата десница.“ Христијанинот се сеќава и знае дека го изгубил своето заедништво со Бог, мирот и радоста на Неговото Царство, чистотата на новиот живот. Зашто тој беше крстен, воведен во Телото Христово но неговите гревови го тргнаа далеку од Бог.

Покајанието, затоа, е оваа желба да се вратиме кон Бога, движење на љубов и доверба.

 Отец Александар Шмеман

Превод: Дамјан Божиновски