Кој сака да биде поголем, нека биде слуга (Мт.20, 26)

Тоа е Христос.
Синот Божји, препашан со крпа, на колена, како најмал слуга, им ги мие нозете на учениците, и тоа во последната вечер од Неговиот живот на земјата.

Повторно сум зачуден. Господ Исус не ги учи апостолите како да проповедаат, како да исцелуваат болни, како да изгонуваат демони, како да ги уредуваат богослужбите и слично, туку ги учи како да ги љубат и да им служат на другите. И пак, Тој им покажува дека љубовта и служењето се поважни од чудата, и дека карактерот е поважен од службата.

Сте се прашувале ли како мене зошто апостолите, и покрај многуте чуда и дела кои Бог ги извршил преку нивните раце, не се возгордеале? Иако има неколку причини, јас мислам дека она што ги зачувало е сликата во нивниот ум, како Христос, нивниот Учител и Господ, им ги мие нозете. Со Неговиот пример, Исус ги задолжи доживотно да се љубат и да си служат еден на друг, не барајќи почести и привилегии за себеси, сеќавајќи се дека тие се само слуги како Него…

 Стас Басараб, „Миење на нозете“, библиски мотив, мешана техника
Стас Басараб, „Миење на нозете“, библиски мотив, мешана техника
автор: Филип Иванов