Празникот на Свети Наум Охридски свечено прославен во храмот „Свети Наум Охридски“ во Битола

Денес, на 03.07.2026 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Свети Наум Охридски Чудотворец, во храмот посветен на овој голем Македонски просветител и Божји угодник – „Свети Наум Охридски“ во Битола, беше отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија.

Со Светата Литургија началствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Игор Ризановски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски.

Во молитвена радост и благодарност кон Бога, верниот народ се собра да го прослави споменот на Свети Наум Охридски – ученик на светите рамноапостолни Кирил и Методиј, соподвижник на Свети Климент Охридски и еден од најголемите столбови на Охридската духовна и просветителска традиција. Неговиот светол лик и денес ја укрепува верата на верниот народ, повикувајќи нè на молитва, смирение, љубов кон Бога и верност кон светото православно предание.

Нека по молитвите на Свети Наум Охридски Чудотворец, Господ им дарува духовна крепост, мир и спасение на сите што со вера го празнуваат неговиот свет спомен.