ЗАШТИТНИК – ФИЛМ за Свети Нектариј Битолски

„Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос. Си го осветлил карејскиот скит, те воспита, градот Битола, оче наш Нектарие. Просветли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестајно моли се за сите нас. Слава Му на Христа, Кој те прославил, слава Му што те облагодатил, слава Му на Оној што преку тебе, ни даде нам исцеление“.
(Тропар, глас 1. Подобен на: Пустинный жител)
За македонскиот светител од XV век, преподобниот Нектариј Битолски, македонската јавност многу малку знае. Неговиот светителски култ не е во доволна мера раширен во Македонија, ниту, пак, во неговиот роден град Битола Можеби тоа доаѓа оттаму што преподобниот Нектариј уште како дете заминал од Битола и своето светителско достоинство го добил далеку од своето родно место, во Света Гора…

Прв документарен филм за животот и делото на Свети Нектариј Битолски, кој раскажува за местото каде што тој се родил, Скитот во кој што се подвизувал, и возобновувањето на неговиот култ во Битола.

Повторно си меѓу нас, Нектарие, денес, на твојот празник. Никогаш не оставај нè и не отстапувај од нас, туку секогаш биди тука меѓу нас; погледни на нашите усилби и постојано моли Го сесветлиот Христос да не нè посрами во судниот ден.

(Стихира од Вечерната, глас 3).

Продукција АСТРА-ВЕДА, 2015
Сценарио: Драги Атанасовски
Режија: Благојче Божиновски

Со благослов на Неговото Високопреосвешство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

Проектот е реализиран со поддршка на Општина Битола
и е дел од Битолското културно лето БИТФЕСТ 2015
под покровителство на градоначалникот д-р Владимир Талески