Внатрешно и надворешно монаштво

Постои надворешно и внатрешно монаштво. Не треба да се одмине надворешното, но и со него не смееме да се задоволиме. Само надворешното, без внатрешното, дури е и штетно. Надворешното монаштво може да се спореди со обработување земја. Колку и да ораш – ништо нема да порасте, ако ништо не си посеал. Внатрешното монаштво е таа сеидба, а пченицата – е Исусовата молитва. Молитвата го осветува сиот внатрешен живот на монахот, му дава сила во борбата, а посебно, таа е неопходна при поднесувањето на маките и искушенијата.

Преподобен Варсануфиј Оптински