На 20.02.2018 г., во вторникот од Првата недела од Великиот пост, граѓаните на Дагестанскиот град Кизлјар се простија со жртвите од крвавата трагедија која се случи пред неколку дена, на Прочка. Во градот е објавен ден на жалост.
Вечерта, телата на загинатите беа донесени во храмот на Светиот великомаченик Георгиј, каде Архиепископот Махачкалински и Грозненски Варлаам отслужи заупокоена литија.
Цела ноќ, вратите на храмот биле отворени; свештениците на смена читале Псалтир за покој на починатите вернички.
Утрото, во храмот почнале да се собираат луѓе, сакајќи да се простат со „матушките“ загинати од рацете на терорист. Околу 5000 нерамнодушни граѓани дојдоа да ги испратат починатите на нивниот последен пат.
Благодарение на несебичната љубов на овие четири жени, кои се нафрлиле на терористот кој пукајќи се упатил кон влезот на црквата полна со народ, стражарите успеале да ги затворат црковните врати, и да спречат уште поголема трагедија.
Богољубивите души на Вера, Людмила, Надежда, Ирина, Вера се претставија пред Господа, а нивните тела ќе почиваат во дворот на храмот на Светиот Великомаченик, од каде ќе продолжат да ги благословуваат сите верници.
Ваквиот терористички крвав чин на големиот христијански празник Прочка, во кој загинаа 5 жени а 7-мина беа повредени, остана речиси незабележан од светската јавност.
Бог да прости и да вразуми +
Извор: http://goragospodnya.ru