Свети Константин и Елена – Архиерејска Вечерна Богослужба

На 02.06.2018 г., во предвечерието на Неделата на Сите Свети и на празникот Свети Константин и Елена, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Воскресна Вечерна Богослужба во храмот Свети Константин и Елена, во Битола.

Твојот спомен го славиме како што прилега, рамноапостолен Константине, чин и пофалбо на сите цареви, оти, просветлен со зраците на Духот, ти направи да свети целата Црква Христова; затоа ги свика и соборите на верните јерарси во светиот град Никеја, каде што беше изгасната ароганцијата на безбожниците, и ја загуби силата дрдорењето на еретиците, сметано за лудило, а се издигна венецот на православните, и верата беше јавно проповедана. Ти беше прославен од нив и прогласен за татко на сите цареви, како оној што прв ја прими баграницата од Бога. Затоа ние, кои твојот спомен верно го славиме, ти се молиме, испроси очистување на гревовите на душите наши.