Свети Константин и Елена – Света Архиерејска Литургија во Битола

На 03.06.2026 г., кога го празнуваме споменот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Златко Костовски, протоереите Оливер Ивновски, Гоце Велјановски, Гроздан Богевски, ерејот Лазо Лазарески, протоѓаконите Драган Ѓеоергиевски и Златко Крстевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Константин и Елена“ (Влашка Црква), во Битола.

На Божествената Литургија, Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.