Која е најголемата човечка глупост? – Архимандрит Андреј (Конанос)

Бог допушта ние да почувствуваме болка, но вознемиреноста е нашата сопствена глупост, наше безумство, тревога и лага, која ние сами си ја создаваме и со која живееме и се мачиме. Болката е спасителна, и ние во животот треба да поминеме преку страдања и болки, бидејќи тие ќе не одведе во рајот. Господ допушта болка, за да ни даде радост, односно да ни ја даде таа вистинска радост која ние ја изгубивме заради болното насладување, заради угодување на нашата себичност, и токму затоа, ние само преку страдања и болки можеме да му се доближиме до Бога. Господ не ја создал тревогата. Тревогата не е избавување од болката, која Господ ни ја испраќа нам за да ја преживееме. Тревогата – е болна состојба, кој ние сами си ја измислуваме и благодарејќи на неа, се мачиме себеси, а и другите околу нас.

Обиди се да го смириш својот ум и своето вообразување, бидејќи тие се виновни за сите сценарија, кои ти ги измислуваш, создавајќи настани во својата глава, кои сеуште не се случиле.

Некој говорат, ќе се случи земјотрес. И научниците не можат да кажат, кога тоа ќе се случи, бидејќи и тие незнаат со точност. Кога тоа ќе се случи, за пет недели или за пет месеци? По цела Грција говорат за тоа, дека не треба да спијат во своите домови, бидејќи тоа може да се случи ноќе. Сите се во исчекување. Чекаат и се плашат. Паниката, која се појавува околу земјотресот, како резултат може да има повеќе погубни последици, отколку самиот земјотресот.

Сето тоа се случува, затоа што ние немаме вистинска вера. Ако ти навистина веруваш во Бога, тогаш, тебе нема да те мачи тревогата за тоа, што ќе се случи утре или задутре. Тоа што е неопходно да го знаеш, Господ веќе ти го кажал.  Ти кажал не само за тоа, што ќе се случи утре, но и за тоа што ќе биде, кога ќе настапи крајот на светот, ти кажал за Второто Пришествие, кое, се надевам, тебе те очекува; знаеш и ти за тоа, дека постои место кое е далеку од Бога, – и тоа место се нарекува ад. Господ ти кажал тебе за тоа, што е добро и полезно, а за останатото ти немаш потреба да знаеш.

Архимандрит Андреј (Конанос)

„Кога Христос за тебе ќе стане сè“

Извор: https://pravlife.org