„Камења на верата“ – 25 години од возобновувањето на Валаамскиот манастир

Еден од философите од XIX век ја нарекол архитектурата „стишена музика“. Денес, таа мисла се изразува со фразата, која многумина ја знаат: „архитектурата – е музика, стишана во камен“. Ако зборуваме за православните храмови и параклиси, да ги опишеме само од гледна точка на архитектурата, само со музика, ќе биде недоволно. Храмот – е икона. Храмот – е праобраз на Царството Небесно. Храмот – е молитва.

o metodij petrov

Црквичката на Блажената Ксенија Петроградска, што стои на брегот на Манастирското пристаниште на Валаам – напомнува на еден настан кој се случил пред 25 години. Напомнува на молитвата, со која во тие дни на валаамската земја стапнале, тогаш уште архимандрит Панкратиј и послушникот Венко Петров (идниот игумен Методиј). Ако ја продолжуваме паралелата меѓу црковната архитектура и молитвата, гледајќи на црквичката на Св. Ксенија, разбираш колку детски радосна, светла, лесна, но истовремено, како камен цврста, била таа молитва. Полна со вера и очекување на чудо.

Низ годините на послушанието на Валаам, преку трудот и молитвите на Владиката Панкратиј и Игуменот Методиј се обновуваа храмови, параклиси, скитови, но главно – се обновуваа „храмовите на душите човечки“, на оние, кои доаѓаа во манастирот барајќи го Бога.

Сите, кои се запознале со Светиот Валаам, во тие дни, во молитвите Му благодарат на Бога за тоа, што Он во сите времиња испраќал тука „добри пастири“. Такви, како Владиката Панкратиј и Игуменот Методиј.

Им благодариме на нашите Отци за „камењата на верата“ кои ги вложиа во темелите на храмовите на Духот. Во храмовите, кои ги градат и монасите кои се подвизуваат во Валаамскиот Спасо-Преображенски манастир, и мирјаните кои во него се трудат, и поклониците кои доаѓаат.

Торжеството по повод 25-годишнината од служењето во Валаамскиот манастир се планира да се спојат со празникот на Сретението Господово, со кој се совпаѓа роденденот на отец Методиј.

Браќата на Валаамскиот манастир се молат за здравје и успех во секое добро дело на Владиката Панкратиј и Игуменот Методиј!

Многаја и благаја лета!

 

Извор: https://valaam.ru/publishing/46069/