„Дарувајте збор, дарувајте љубов“ – Наградени раскази 2017/2018 г.

Разгледувајќи ги литературните творби од Божикниот конкурс „Дарувајте збор, дарувајте љубов“ за оваа година, од името на  редакцискиот одбор на Преспанско-пелагониската Епархија срдечно им се заблагодаруваме на сите учесници за нивното учество. 

Го просиме Божјиот благослов за сите, кои се потрудија во овие празнични денови да ги стоплат душите на нашите читатели и да им го подарат нивниот збор.

Наградени раскази за оваа година се:

  1. ГОШТЕВКА – Елена Богдановска
  2. РАЃАЊЕ – Ана Милошеска
  3. ПОДАРИ ЉУБОВ, ПОДАРИ РАДОСТ – Божана Тренческа
  4. СТАРИОТ УЧИТЕЛ – Влатко Стојковски
  5. ДЕТЕТО СО ГОЛЕМИТЕ ЧЕВЛИ – Иво Митев

Ги замолуваме сите учесници да ни испратат адреса, на која би можеле да им ја испратиме наградата за нивните трудови.

Годинашната награда за наградените раскази ќе биде најновиот број на Епархиското списание „Пелагонитиса, бр. 29“, а за сите учесници ќе бидат доделени примероци од најновата наша Божикна сликовница за деца: „Малиот Илија – сведок на Христовото Раѓање“.

„Малиот Илија - Сведок на Христовото Раѓање“  - Ева Тарлет
„Малиот Илија – Сведок на Христовото Раѓање“ – Ева Тарлет
„Пелагонитиса бр. 29“
„Пелагонитиса бр. 29“

Христос се роди!

Навистина се роди!