Архимандрит Андреј (Конанос): Заради нашите неправилни мисли, ни се случуваат сите проблеми!

Алберт Ајнштајн еднаш изговори прекрасна мисла: „Не може мозокот, кој создал проблем, сам да го реши“. Оваа мисла ја сметам за многу правилна. Твојот проблем се состои токму во тоа, бидејќи се обидуваш со своите мисли да го решиш својот проблем. Погледни: твоите мисли те доведоа до оваа состојба, твоите размислувања те доведоа до разрушување на самиот себеси.

Ќе речеш: „Што да правам?“ „Јас немам други мисли, освен своите“. Сепак постои и друга мисла. Покрај твојот ум, постои и друг ум: Умот Христов. Можеш да го направиш тоа, што го говори Светиот апостол Павле: „Да се стекнеме со умот Христов“. Тука станува збор за друга состојба, односно просиш од Христа, да влезеш во Неговата атмосфера. Тоа можеш да го направиш и за неколку часови, неколку денови, а ако Христос направи чудо, тоа може да се случи и сега, во оваа минута. Само речи: „Христе мој, дај ми го Твојот ум“. „Ние имаме ум Христов“ (1. Кор. 2, 16), говори апостол Павле. Треба да ги набљудуваме настаните, кои се случуваат околу нас, онака како што би гледал Христос – без прекумерна приврзаност. Идентификувањето на себеси со проблемот, те води кон губење на надежта. Многумина луѓе живеат со умот Христов. Тие имајќи ум Христов, успеваат да поминат преку смртта, преку многу разочарувања, драматични истории, многубројни болести и различни животни огорчувања.

Замислете си: сте го изгубиле детето, сте се лишиле од било кој орган од своето тело, сте го изгубиле здравјето или било што друго. Како сето тоа да се издржи, односно како луѓето ги поднесуваат страдањата кои им се случуваат? Нивната тајна се состои во тоа, што тие се здобиле со умот Христов. Тоа не е едноставно. Прости ми, што во овие тешките моменти од твојот живот, јас сум малку строг со советите и се претставувам како многу умен.

Мојата цел не е да се покажам умен, бидејќи и јас се имам соочено со многу тешкотии, кои ме направиле неподвижен. Но сега, кога ти го пишувам ова, сакам да поговорам со тебе како на исповед и да те посоветувам. Ако би се чувствувал немоќен и во болка, не би можел така да ти говорам, бидејќи целосно би се потопил во својата несреќа.

Важно е, да разрешиш некому да се доближи до тебе и да ти се отвори, а потоа и ти отвори го својот ум и своето срце и речи: „Можеби, некогаш ќе погледнам на својот живот поинаку“. Ако го направам тоа, ќе се насмевнам и ќе речам: „Проблемите се решаваат, навистина си заминуваат. Треба да продолжиме да живееме, присилувајќи се себеси“.

Архимандрит Андреј (Конанос)

Извор: https://pravlife.org