„Свештеникот не е намесник Божји на Земјата, туку Негов послушник“ – Старец Григориј Зумис

За време на традиционалната посета на Света Гора, на неговиот роденден, Блаженејшиот Митрополит Киевски и Украински Онуфриј во манастирот Дохијар се сретна со игуменот – архимандрит Григориј (Зумис). Геронда Григориј – е еден од најпочитуваните светогорски старци, широко познат и надвор од Света Гора.

Игуменот на Дохијар рече дека, според него, епископот не треба да носи скапи манжетни, додека неговиот народ живее во сиромаштија. Дека расото на клирот – е знамето на Христос, дека свештеникот треба да биде скромен и да живее како послушник, а не како заменик Божји на земјата.

„Ние, како пастири, да го имаме сиромаштвото, а народот – послушание. Ви благодарам за тоа, што со својата простодушност, со својата смирена облека ни го покажувате патот Божји. Ние, то ест, оние што носат расо, треба да бидеме претпазливи и внимателни. Расото – е крст. Тоа е Христово знаме. Христос не оставил ниедно друго знаме освен расото. Сакајте го расото, и монаси, и клирици и епископи! Не е во ред кога епископот има скапи манжетни, а луѓето се бедни, и се ограничени дури и во лебот.

И никогаш да не поверуваат, оние кои носат расо, дека се намесници Божји на Земјата!

На тоа поверува папата, дека е претставник Божји на Земјата – и го потопи целиот Запад. Јас многупати сум слушнал, како свештениците велат: „Јас сум намесник Божји на Земјата!“. Ти не си никаков заменик, туку послушник Божји тука, на Земјата. Секогаш кога ракополагате свештеници, секогаш кажувајте им, дека од денес ти не си намесник Божји на Земјата, туку Негов послушник.

Колку е безобразно, кога свештениците се сметаат за намесници Божји на земјата! Зарем јас сум намесник Божји на Земјата? Зарем моето лице, моето присуство личи на тоа? Секако дека не. Јас сум послушник – и тоа лош послушник, лош работник на Неговото лозје. Старец Амфилохиј Патмоски рекол: „Секоја вечер размислувајте, да не соблазнив некого денеска! Можеби направив нешто во животот, што дало повод на некој човек да си замине од Црквата!“ Таа проверка треба да ја правиме сите кои носиме расо.

Да се подвизуваме како исповедници, а не како оние кои имаат власт.

Подготовил Јуриј Пушчаев

Извор: http://www.pravoslavie.ru/108036.html