Се жалел еден калуѓер, што игуменот најмногу него го оставал да ги чува овците, и во недела не можел да отиде да се причести. Игуменот му одговорил:
– Браќата ќе се причестат за тебе.
Една недела, калуѓерот зел и го врзал еден овен за дрво, но толку кратко, што тој не можел да се помрдне. Го видел тоа игуменот, и му рекол:
– Што правиш брате, пушти го овенот, не може ни да пасе!
– Остави го оче игумене, другите овци ќе пасат за него!
Преземено: о. Зоран Џуровиќ