Писмо за постот, умереноста и исхраната – Старец Јосиф Ватопедски

Христовата благодат нека биде со вашиот дух. Амин!

Го добив вашето писмо и ја прочитав содржината внимателно. Прашањата, кои ги поставувате, не се толку пофални, колку што е пофална Вашата добра волја и решителност да живеете по-добросoвесен живот во Христа. Ви пожелувам незапирливи успеси во тој потфат.

Проблемот со начинот на исхрана е нешто, што го привлекува вниманието на сите како нај-неопходно задолжение и дел од нашиот живот. Да не споменувам и дека некои од нас стануваат негови затворници заради специјални задоволства, од кои што нашето поколение се насладува. Така што, не е полезно, ниту пак достојно за пофалба ако престанете да јадете наеднаш една од најосновните храни, мислејќи дека веројатно нема да можете да се контролирате.

Дури нашите отци не одобруваат, ниту пофалуваат подобни пристапи и според мене, средниот пат е најдобар. А кој е тој пат? Да се ограничи примањето на храна, така што вашето здравје ќе остане незасегнато и ќе се избегне можноста луѓето да коментираат: „Тој и тој не јаде месо“, кое што ќе  Ви донесе бесполезни искушенија за надменост и гордост. Истото се однесува и за благото, зашто е многу неопходно во определени количества, за да се одржува нормален и балансиран живот.

Само на тој начин, ако ја применуваме умереноста како правило, можеме да придобиеме благоразумност и рамномерност во животите наши. Начинот да се справиме мисловно со телесните и емоционалните  проблеми, како и состојбата, во која што се наоѓа нашиот живот, зависи и од рамномерноста, која што се остварува преку умереноста во исхраната. Како резултат на тоа, во нас се формира баланс меѓу умот и телото.

Како последица на тоа сонот ни се нормализира, нашите штетни мисли и нападите кон умот ни изчезнуваат и во нас се раѓа повеќе желба и ентузијазам за борба. Тоа, следствено, треба да го правите, без да одите во повеќе крајности, и ако некој пат не успевате, треба да започнувате одново и одново и на крајот, со сигурност ќе победите со благодатта на нашиот Христос.

Вие сте социјален човек и живеете во тешки и нездрави времиња и не можете да применувате кон својот живот манастирски правила, кои што дури монасите денес не можат да ги исполнуваат.

Ги имате многуте мои молитви и љубов во Христа,

Понизен старец Јосиф, монах

Превод: Божидар Маслинко

Извор: http://pravoslaven-sviat.org