„Подари збор, подари љубов“ – Божикен конкурс

По повод големиот христијански празник Рождество Христово, Порталот на Преспанско-пелагониската Епархија ве поканува да ги споделите вашите најубави Божикни приказни со нашите верни читатели. Дарувајќи го вашиот збор, да затоплиме нечие срце во духот на Христовото раѓање.

Ги охрабруваме сите, големи и мали, писатели и неписатели да ни  испратат кратки раскази исплетени со љубов од не повеќе од 500 зборови.

Испраќајте на мејл mitropolija.bitola@gmail.com со назнака „Божик“ сè до Бадниковата вечер.

Најдобрите 5 раскази ќе бидат објавени, а за писателите ќе бидат подготвени изненадувања.

Ве очекуваме!

Наградените раскази од минатата година можете да ги погледнете на следниот линк:

Наградени раскази од Божикниот конкурс, за 2017 г. 

Од редакцијата на pppe.mk