За унинието – Старец Ефрем Катунакиски

Еднаш, кај отец Ефрем Катунакиски, заедно со други, дошол еден монах во униние. Старецот зборувал за унинието, дека е полошо од сите страсти: страстите, барем сакаат нешто, а унинието – е кога човек не сака воопшто ништо. Во таквата состојба, тој малку се разликува од мртвите.

А монахот кој бил во униние, се тргал од сите и дури не сакал ни да разговара со старецот. Кога отслужиле Вечерна, отец Ефрем го викнал монахот и му рекол:

– Ајде да излеземе. Сакам нешто тајно да ти кажам.

Монахот се согласил:

– Да одиме.

Кога излегле, старец Ефрем го прегрнал за плеќите и му рекол:

– Сакам да ти кажам нешто многу важно. Види колку е прекрасна месечината! Види колку се чудесни ѕвездите! Колкав мир е разлиен по целата природа околу нас!

Ќе ти кажам една тајна. Сето тоа – е божествена убавина и хармонија. А сè лошо и зло – е човечка ограниченост. И тие секогаш војуваат помеѓу себе. Човечките страсти се обидуваат да ја нарушат хармонијата, па дури и да ја уништат нејзината убавина. И некогаш, на кратко време, успеваат во тоа. Но знај, тајната е во тоа, што во таа борба секогаш победува убавината! Затоа што убавината – таа и е Бог. А Бог – е непобедлив!