Свети Нектариј Битолски – Архиерејска Вечерна Богослужба

На 17.12.2016 г., во Соборниот храм Свети Димитриј Мироточив во Битола, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба во спомен на свети Нектариј, патронот и заштитникот на градот Битола. 

Тропар, глас 1

Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос; си го осветлил карејскиот скит; те воспита градот Битола, оче наш, Нектарие. Просветли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестајно моли се за сите нас. Слава Му на Христа, Кој те прослави, слава Му што те облагодатил, слава Му на Оној, што преку тебе ни даде нам исцеление.

Кондак, глас 3

На оние од Атос, од Кареја, си им бил како ангел, кој подвигот добро го заврши. Си израснал како дрво плодоносно во реки од воздржание, а душата си ја исчистил со потоци од солзи. Сите те познаваат како божествен сосад на Духот, оче Нектарие.

p1360146 p1360168 p1360175 p1360184

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА