Собор на Пресвета Богородица – тивок семеен празник

Почитувањето на Пресвета Богородица, закономерно е изразено во тоа, што во годишниот богослужбен круг одделен е ден, веднаш после празникот на Рождеството Христово, кој нè собира во чест на Бојжата Мајка, а исто и тоа, што на тој ден се празнува не само споменот на Пречистата, но и на оние, кои станале учесници на настаните, поврзани со јавувањето во светот на Богомладенецот. Најпрвин – тоа е св. Јосиф Обручникот, и неговиот син од првиот брак Јаков, братот Господов, првиот епископ Ерусалимски. Тој ден е спомен и на светиот цар Давид, од кого потекнува Пречистата, и празник на сите кои се сорадувале со неа за раѓањето на Синот Човечки – и пастирите, и мудреците – сите собрани околу неа не толку и само во просторна, колку во духовна смисла.
За појавувањето на овој празник, немаме точни сведоштва. Познато е, дека востановувањето на посебен празник на Рождеството Христово, веднаш повлекло по себе и празнување на Онаа Која родила, запечатено веќе во проповедите на св. Епифаниј Кипарски, Амвросиј Медиолански и блажени Августин. Сепак, веста која може да се сретне на некои сајтови, дека „официјално укажување на празнувањето на Соборот на Пресвета Богородица, следниот ден после Раѓањето Христово, може да се најде во 79-то правило на VI Вселенски Собор, кој се одржал во 681 г“ не е баш точно.
Најпрвин, канонските правила, кои се однесуваат на VI Вселенски Собор, навистина, одржан (поточно, завршен) во 681 г, биле примени не на него (V и VI Вселенски Собор биле посветени на догматски прашања, и не се издавале канони), а на така-наречениот Трулски Собор, свикан во 691 г, (уште нарекуван „Петто-Шести“), кој од неговите учесници се гледал како продолжение на VI Вселенски Собор.

1385255834-rogdestvo-hristovo-xvi-v-ssha-massachutets-klinton-muzey-russkih-ikon1
Рождество Христово XVI век, Сад, Масачутес, Музеј на руски икони

Второ, во споменатите правила нема укажување на празнувањето на споменот на оние околу Пресвета Богородица, а уште повеќе – нема никаква основа тој празник да се смета за соборно востановување. 79-то правило, индиректно укажува на еден произникнат обичај, да се одбележува споменот на Пресвета Богородица следниот ден после раѓањето Христово, но тоа не се однесува толку на самото празнување, колку на распространетата ритуална форма, која отците на Соборот ја сметале за противречна на црковното учење, и го изобличиле незнаењето на „православниот народ“, кој, почитувајќи ја Пречистата со подготвување на ритуална храна,слична на онаа, што обично се подготвувала во чест на „раѓањето со болки“ („печење на леб“), пројавувал неразбирање на исклучителната тајна на Боговоплотувањето: бессеменото зачнување и безболезното раѓање, „зашто не е ова чест на Девата, која над умот и словото, телесно го родила несместливото Слово, ако нејзиното раѓање го определуваат и претставуваат по примерот на обичното, и својствено за нас раѓање“.
Може да се каже, дека со тоа соборно укажување, стихијно појавениот празник на Пресвета Богородица во црковната средина, бил очистен од туѓи примеси, осветен и воцрковен, а потоа тоа пораснало во почитувањена сето Нејзино најблиско опкружување. Одбележувајќи го тој празник, ние како да се појавуваме на тивок семеен празник. Само што семејството во овој случај е посебно, и почесните гости се такви, што самото спомнување за нив предизвикува радосен чесен трепет од допирот до тајната на Боговоплотувањето, и како воздухот од тие денови да провеа, кога, како што е кажано во рождественскиот кондак: „Ангели со пастирите славословуваат, мудреците со ѕвездата патуваат“.

Протоереј Игор Прекуп