Што би направиле, кога секој ден би добивале по 86 400 долари?

Ако секое утро ти даваат по $ 86 400, под услов да го потрошиш за еден ден, а неискористениот дел да ти се земе, што би направил со парите?

– Секој долар би го потрошил за радост и за подароци на сите, кои ги сакам, па дури и на оние кои не ги познавам. Зашто не мислам дека би можел да потрошам 86 400 долари, само за себе и за моите блиски. Но, што сакаш да кажеш?

– Таква волшебна банка постои. Тоа е времето! Секое утро, будејќи се, ние добиваме кредит од 86 400 секунди, и остатокот исчезнува вечерта. Тоа што нема да успееш да проживееш за еден ден – пропаѓа.

Секое утро, волшепството започнува повторно, и повторно ни се дава неповратен кредит од 86 400 секунди. Постои едно правило: банката може да ја затвори сметката во секој момент, без предупредување. Животот може да запре во секоја секунда. А една секунда живот е поважна од еден долар, нели?

Марк Леви („Меѓу небо и земја“)

Извор: Адме.ру