ПОКАНА – 35 години Архиерејско служење во МПЦ-ОА на Митрополитот г. Петар

Македонска Православна Црква, Охридска Архиепископија,Преспанско-пелагониска Православна Епархија има чест да Ве покани на свечената прослава по повод 35 години Архиерејско служење во МПЦ-ОА, на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. ПЕТАР.

Чествувањето на овој настан ќе се одбележи на 25 декември 2016 година, во црквата Рождество на Пресвета Богородица, во Битола.

ПРОГРАМА

07: 00

Утрена Богослужба

08: 30

Дочек на Неговото Блаженство

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан

со Архиереите на МПЦ-ОА

08: 45

Света Архиерејска Златоустова Литургија

11: 00

Слово на Митрополитот Повардарски г. Агатангел

11: 15

Промоција на 18-те томови Богослужбени книги,

превод од црковнословенски

на современ македонски литературен јазик

Промотор: Архиепископ Охридски и Македонски

г.г. Стефан

Промоција на книгата „Духовната доктрина на

Св. Климент Охридски“, магистерски труд на

Митрополитот Преспанско-пелагониски и

Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар

Промотор: Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски,

Декан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје