Игри на среќа и обложување

Игрите на среќа и објектите за коцкање се распространети во застрашувачки обем. На што се должи тоа? Одговорот е прост, бидејќи статистиката покажува, како од година во година растe бројот на зависниците од коцкање и обложување. Не можeме да го достигнеме поголемото, ако не почнеме со помалото. Како што не можeме да стигнеме до врвот на скалата, ако не се качуваме чекор по чекор. Со помош на oбложувањето ти сакаш да бидеш на врвот, без да превземеш чекори во таа насока. Јас обложувањето би го сметал за добра работа, ако за тоа би ме посоветувал свештеникот. Но свештениците го препорачуваат не обложувањето, туку трудот и помошта кон ближните.

Работа и пари

Парите – се нешто, без кое не можеме да живееме. Дури и египетските пустински-отци ги продавале своите ракотворби (тоа, што секој од нив го правел во своите келии), за да би можел да го купи неопходното за себеси, или материјал за нова работа. При сето тоа ние гледаме, како тие се однесувале кон парите: тие никогаш не работеле заради збогатување и собирање на пари, туку за одржување на своето постоење.

Трудот – тоа е Божја заповед и основен закон на човечкиот живот, кој постои од самиот момент на создавањето на човекот. Уште од самиот почеток на човекот му била дадена должност да се труди: „И, земајќи го Господ Бог човекот, кого го создаде, го воведе во градината Едемска, за да ја обработува и да ја пази“ (1. Мој. 2, 15). Благодарејќи на трудот, човекот ги исполнува сите свои животни обврски, го реализира секој смисол на своето постоење во светот: „Шест ден работи, и заврши ги во нив сите работи свои“ (2. Мој. 20, 9).

Чесниот труд – е единствениот праведен начин за добивање на пари. Коцкањето и обложувањето го скратуваат тој пат на нула, бидејќи се насочени кон добивање на лесен профит.

За жал, постојат многу христијани, кои се опседнати со желбата да се збогатат за една ноќ, или просто добиваат задоволство од игрите и обложувањето. Христијаните не зборуваат за успех: успехот укажува на некој вид на судбина, а тоа не е во согласност со верата во Бога Седржителот.

Игрите на среќа и Светото Писмо

Многумина како оправдување на таа „слабост“ или „страст“ го приведуваат тоа, дека во Светото Писмо наводно не било јасно укажано, дека игрите на среќа и обложувањето се грев. При сето тоа, ние многу добро знаеме, дека многу страсти опишани во Светото Писмо, не се наречени со своите современи имиња.

Светиот апостол Павле јасно говори: „Им ветуваат слобода, кога тие самите се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува“ (2. Петр. 2, 19). Зарем тоа не е истата таа слобода и благосостојба која на светот му ја ветуваат игрите на среќа?

Значи, во она во што сте совладани, над тоа станувате робови. Ако ти не можеш да се воздржиш од тоа, да играш и да се обложуваш, тоа значи, дека парите и жедта од пари владеат над тебе, а последиците од тоа да се разберат, не е тешко.

„Кој ја обработува земјата своја, ќе се наситува со леб; а кој оди по стапките на безбожниците, е малоумен“ (Изрек. 12, 11). Колку добро се изразил пророкот, нарекувајќи го малоумен „оној кој оди по стапките на незнабошците“ тој, кој не работи, а бара „леб“, односно пари и материјална благосостојба, на други патишта, различни од оние, кои ни се оставени во наследство од Бога.

Осудата, изговорена за тие, кои се стремат кон материјална благосостојба, без да вложат никаков труд, краток и тежок, тие тоа и го заслужуваат:  „Кој не сака да работи, нека и не јаде“ (2. Сол. 3, 10). Кој не работи, а сака да се збогати на лесен начин, тој седи на „туѓ грб“ и живее на сметка на трудот на другите луѓе. Затоа, само работата му овозможува на христијанинот вистински да ја исполни заповедта на љубовта кон ближниот. За да ја најде смислата, за да не се вознемируваат другите, за да ги смири, апостолот Павле им заповеда на христијаните да работат и да се хранат од плодовите на својот труд: „На таквите им заповедаме и ги молиме во нашиот Господ Исус Христос да работат мирно и да го јадат својот леб“ (2. Сол. 3, 12). Игрите на среќа, кога донесуваат пари, му даваат на оној кој игра, туѓ „леб“, а не плод од неговите раце.

Порано или подоцна последиците од приходот, стекнат со помош на игрите на среќа, ќе се почувствуваат, бидејќи „на човека му се дава според делата на рацете негови“ (Изрек. 12, 14). Депресијата многу често се среќава помеѓу оние, кои имаат страст кон игрите на среќа, и како последица, таа доведува до распаѓање на семејството и прекин на односите со некои блиски личности.

Црковните канони за игрите на среќа

Игрите на среќа – се начин на забава, но исто така и начин за неправедно збогатување, тоа е прикриена кражба (25-то апостолско правило), и црковните правила ги осудуваат заради нивниот гревовен резултат, кој произлегува од кражбата, пијанството, залудно потрошеното време и други злосторства, особено во однос на свештенството (42 и 43-то апостолско правило, 9 и 51-то правило на VI Вселенски Собор).

Светите отци препорачуваат невини и полезни забави – прошетка во парк, градина, планина, а не игри со карти или слични игри на среќа, кога телото останува неподвижно, а тоа значи, не се одмора, умот е напрегнат, а душата е возбудена поради неуспехот од неправедното збогатување, или во случај на успех поради возбудата и расправиите кои водат кон грев. Пушењето, игрите на среќа, пијанството и бесрамните забави ги изнесуваат на површина неизменливите квалитети на човечката душа и нејзиниот развој во грешните страсти (Гал. 5, 19-21; Ефес. 5, 3-5; Апостолските правила. Кн. 8. 31, 16).

„Никој од мирјаните и клириците отсега да не се предава на игрите кои се за осуда. Ако некој биде виден дека ги практикува, тогаш ако тој е клирик да биде отстранет од клирот, а ако е мирјанин да биде одлачен од црковното општење“ (50 правило на VI Вселенски Собор).

Старец Клеопа и „среќата“

Многу е тешка ситуацијата, кога во молитвите, луѓето просат „среќа“ во слични игри. Старец Клеопа во една од своите беседи спомнува за слични случаи:

„Гледам, во некои поменици вие го спомнувате бесот Среќа, пишувајќи: „За среќа на синот“, „За среќа на ќерката“, „За среќа во семејството“. Зошто вие мене ми го пишувате ѓаволот во записките? Знаете ли вие, кој е тој бес Среќа? Тој бил самиот голем демон, кој покосил милиони души. Молох, или „Среќа“, бил бог на среќата кај римјаните, шумерите и картагинците.

Каков бил тој бог Молах, или „Среќа“, како што ние денес го нарекуваме? Неговата статуа, излиена од бакар или сребро, ја носеле на кочија со две тркала. На задната страна на статуата имало бакарна печка, а пред нејзе – бакарна тава; од задната страна на статуата на богот „Среќа“ ставале дрва,   додека не се загрее статуата. А неговите жреци носеле во рацете големи и остри секири.

Каква жртва примал богот Среќа? Само мали бебиња од мајчините раце. Доаѓале во селото, каде што живееш. Ја влечеле со кочијата вжарената статуа на богот Среќа со тавата, и повикувале со ракоплескање: „Кој сака среќа, нека принесе жртва на богот Среќа!“ И послушај ги безумните жени, кои си велеа една на друга: „Кумо, ти ќе го дадеш своето дете?“, – а таа одговарала: „Ќе го дадам за да имам среќа!“. Го земала детето од татковите раце, го полагала во рацете на идолскиот жрец, а он го сечел детето на мали парчиња и го ставал во тавата на богот Среќа за да го изгори. Така до 40-50 деца истовремено он ставал на таа тава“.

Игрите не среќа и обложувањето

Според самата природа на своите активности, објектите за коцкање и обложување можат да станат искушение: ние таму го наоѓаме безбожниот свет, кои се поклонува на метериалните и книжните идоли (парите). Во таквите места различната вулгарност (особено против Светините) и гневот се чувствуваат себе како дома.

Отците на црквата не советуваат да ги избегнуваме соблазните и да не се потпираме не своите сопствени сили, дека ние сами можеме да се справиме со нив. Јас би сакал да кажам, дека нема ништо толку грешно во тоа, од „време на време“ да се обложувам, но не можам да го кажам тоа. Тоа од „време на време“ е толку лукаво, што не треба ни да се обидеме да го направиме. Голем грев и голема болест се крие зад тие „игри“, бидејќи тие многу лесно се претвораат во страст (зависност). Од тие „игри“ се доаѓа до раздор во семејството и кон негово распаѓање.

Парите, добиени во игрите на среќа, – се нечисти пари, тоа се пари, кои некој ги украл, а некој не го нахранил своето семејство.

Ризикот да се навикнеш кон ритамот на брз профит, кога, малку размислувајќи, добиваш големи пари, е премногу соблазнителен за да се нарече „игра. Ризикот, од следниот „обид“ за лесна добивка, е толку голем, што многумина паѓаат во тешка зависност.

Постои веројатност, дека во одреден момент повеќе нема да можеш да победиш. Истовремено со проблемот од изгубената сума се појавуваат и тешки депресии. Тогаш човекот, кој не е научен на ништо друго, се смета себеси како неспособен за сериозна работа и доаѓа до многу тешки фрустрации.

Лекарите сметаат, дека таа „страст“ е поврзана со социално-демографските фактори.  Мажите реагираат на обложувањето поинаку, отколку жените. Тешката адаптација при социјалните промени, напуштање на домот и осаменоста можат да станат тие причини, кои придонесуваат за „зависност од игрите на среќа“.

Како и во случајот со дрогата, алхохолот и пушењето, зависноста од игри (коцкањето) се развива постепено. Откако станува страст, коцкањето повлекува цела низа неуспеси, а значи и тешки депресии, а понекогаш доведува дури и до самоубиство и криминал.

Во психотерапијата постои поим за зависно однесување, кој се сретнува тогаш, кога страста станува посилна од сопствената волја и зрелиот поглед на нештата. Во цивилизираните земји зависноста од коцкање е призната како психичка болест.

Зависноста од игрите на среќа – е зависност, која се базира на тој факт, што играчот не може да ја контролира сопствената наклонетост кон тоа, да игра, да ризикува. Ризикот му помага нему да се оттргне од секојдневните проблеми, бидејќи високото ниво на адреналин создава во него чувство, како сè да е во ред. Во тој случај, кога победува, тој се чувствува себеси како значајна личност, која стои „над сè на светот“, и потоа сака повторно да го почувствува тоа,  а кога губи, се надева, дека ќе земе реванш, дека среќата ќе му се врати. Тоа го прави повторно и повторно да ризикува поголеми или помали суми на пари.

Во православниот морален живот зависноста од било каква страст означува, исто, што и да бидеш душевно болен, да не бидеш слободен, што пак е ропство, темница, во која ти самиот се заклучуваш и од која не можеш да избегаш, бидејќи твојата волја е непокорлива.

Православната психотарапија во корените на оваа страст ја гледа љубовта кон парите и материјалното богатство и плеонексијата (користољубието и алчноста). Тука станува збор, не за тоа, дека добивањето на пари – е грев, но за начинот за нивното добивање и за перверзниот однос кон парите, односно за страсната, патолошка желба, невротично да штедиш пари.

Во некои случаи, таквите болни завршуваат во болница, каде психотерапијата се комбинира со третман со лекови. Кај нас во клиниките постојат лекари, кои се специјалисти за лечење на зависност од овој вид.

Ослободување од мрежата на игрите на среќа

Прв чекор за лечење на било која зависност е да се биде свесен за неа. Човекот, признавајќи дека е зависен од некои работи, треба да се бори против нив. Потребно е да избегнува да останува сам, бидејќи тоа неизбежно ќе го поттикнува да се враќа на соодветната зависност.

Разговорите со ближните и исповедта кај свештеникот донесуваат реална полза.

Сепак, нешто мора да го мотивира зависникот.

За христијанинот, Евангелието може да се покаже доволно силно, да го огради него од било која страст и било која зависност. Чистиот живот на светителите и поуките од Светите Отци се доволни за тоа, да ја поткрепат душата и да ја мотивираат, да се ослободи од страстите.

За човекот, кој не го чита Светото Писмо, помош може да добие преку ближните. Љубовта кон другиот човек, кон детето или желбата да создаде здраво семејство често е најголемиот мотив. Кога и тоа не помага, останува само еден излез од таа положба, која може да ја даде само Бог.

Понекогаш љубовта кон човекот се покажува недоволна за тоа, да се избави опседнатиот од страста и прелеста на лукавиот. Зашто, доколку секоја погубна зависност се случува според лукавството на ѓаволот, тогаш во повеќето случаи е неопходна Божјата помош.

Главно значење има исповедта на своите страсти и гревови пред свештеникот. Свештеникот има благодат, која обичните христиани ја немаат, и  со неа он може да ја закрепне волјата на оној кој доаѓа на исповед. Искрената исповед ја привлекува Божјата помош и милост.

„Боже, јас не сакам повеќе да го правам тоа, помогни ми! Јас го сакам своето семејство и луѓето кои ме опкружуваат, закрепни ја мојата волја и помогни ми да се ослободам од тој ланец!“

Постот и молитвата – се најсилните оружја против лукавставата на лукавиот. Ако не може да пости опседнатиот од страста, тогаш нека постат неговите блиски, а Бог, гледајќи на нивната љубов, ќе се смилува над „болниот“ и ќе му даде сила да се ослободи од зависноста.

Теодор Даналаке

Превод: м-р Игор Ризановски

Извор: http://www.pravoslavie.ru/43645.html