Хуманитарен концерт на Црковниот хор Света Петка во Прилеп (ВИДЕО)

На 21.06.2016 г, , по сопствена иницијатива, Црковниот Хор „Св.Петка“, одржа Хуманитарен Концерт за помош на малата Исидора Димеска од Прилеп, на која итно и е потребна финансиска помош, за да се изврши неопходната операција. Голем број хумани граѓани на Прилеп присуствуваа на концертот, кој помина во молитвена, духовна атмосфера. Покрај хорот на „Св.Петка“, кон апелот се приклучија и членовите на Црковниот хор „Св.Благовештение“, кои пред присутните изведоа две композиции од сопствениот репертоар (Во Царствии – П. Динев и Благослови душе – И. Алфеев).

svetapetkahor hor2 hor1 hor

На концертот публиката ја проследи следната Програма:

• Источно – црковно пеење
1. „Свјати Боже“ – Светогорское
2. „Отца и Сина“ – Македонское
3. „Тебе поем“ – Грузијское

• Православни композитори 19 – 20 век
4. „Спаси ни Сине Божји“ – Атанас Бадев
5. „Иже Херувими“ – „Јако да Царја“ – Атанас Бадев
6. „Свјат, Свјат, Свјат“ – Атанас Бадев
7. „К’Богородице прилежно“ – А. Архангелски
8. „Химна на Св.Климент Охридски“ – Кирил Македонски

• Секуларна програма
9. „Сите момчиња дојдоа“ – Кирил Македонски
10. „Билјана платно белеше“ – X.Буклет – С. Мокрањац
11. „Nabucco“ – Psalm 137 „Va’ Pensiero“ – G. Verdi
————————————————————————————
12. „О Тебе Радуестсја“ – И. Валјаев

Диригент: м-р Гоце Секулоски

 

Известува: Д. Т.