На 28.06.2026 година, во Четвртата недела по Педесетница, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на Светиот пророк Амос, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Света Архиерејска Божествена Литургија во храмот „Света Петка“ во населбата Точила, во Прилеп.
На Светата Литургија, на Митрополитот г. Петар, му сослужуваа протоерејот ставрофор Влатко Ристески, протоереите Љупче Петрески, Емилијан Зелнички, Живко Деспотовски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски.
Во молитвена атмосфера, голем број верници присуствуваа на светата богослужба, вознесувајќи благодарствени молитви кон Бога. Во текот на Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.













