Архипастирско слово за Божиќниот пост – Епископ Григориј на Ниса

Славата да биде на нашиот Господ Исус Христос!

Возљубени мои свештеници и народ Божји: Тешко е да се верува дека овој месец ja означува третата годишнина од моето ракополагање и востоличување како ваш епископ. Уживав патуваjќи низ Епархијата, пoсетуваjќи ги вашите парохии и запознавајќи се со вас. Бев охрабрен што мнозинството од парохиите во Епархијата се мали по големина, но свештениците и верните кои работат во Лозницата  на Господ, прават многу за да го прошират Божјото Царство на земјата.

Како што ме слушнавте додека проповедам, јас сум многу загрижен за состојбата на односите во светот. Има борби и конфликти на сите краеви во светот, вклучувајќи ја и нашата земја, нашите локални заедници, па дури и нашите фамилии. Исто така, длабоко сум нажален и вознемирен од опаѓањето на моралот во општеството што предизвикува хаос и збунетост за нашите деца и младина. Овој недостиг на мир, донесува неспокој во нашите срца и нестабилност во светот. Тоа е, како што споделив со вас, директен резултат на зголемувањето на себичноста и омразата, и намалувањето на смирението и љубовта. Тоа стана заплеткан круг, кој може да се скрши преку драстично покајание или промена на срцето и умот кај сите жители на земјата.
Како што влегуваме во време на Божиќниот пост, ве замолувам вас верните и свештениците од Епархијата, да ми се придружите на патот кон мирот и покајанието, кој ќе започне во вашите срца и ќе заврши во шталата во Витлеем. Во текот на ова време, да ги зголемиме нашите напори во посетувањето на Црквата, во молитвата, во постот, во читање на Светото Писмо, во добродетели, во покајание и исповед, и во примање на Светата Причест.

Оваа година, за да го прошириме фокусот на нашето патување кон мирот и љубовта, во овој Божиќен период, ви нудам еден предизвик до сите свештеници и верни и најмногу до децата и младите од Епархијата. Ајде, не само да размислуваме да го направиме светот мирољубиво место, туку да направиме нешто околу тоа. А предизвикот е:

Да се помолиме со посебна молитва за мир во вечерните молитви.  За време на Големиот Вход  на секоја Божествена Литургија треба да се вклучи посебна прозба. Текстот на овие молитви ќе биде доверен на свештениците да го рашират. Секоја куќа треба да има доволно копии, така што секој млад човек, што може да чита, да има по една покрај креветот, за да ја користи навечер и тие кои што се премногу млади за да читаат, да можат да си ја кажат оваа молитва заедно со своите родители пред да одат во кревет. Се разбира, сите возрасни треба да се приклучат кон предизвикот, така што сите наши молитви заедно ќе допрат до Божјите уши.

За да се учествува во овој предизвик направена е специјална веб страна на страната на Епархијата, Praying For Peace, која содржи текстови и молитви за преземање.

Со сите нас вклучени во молитва и труд за мир овој Божиќен пост, јас сум убеден дека ќе помогнеме, дури и на мал начин, да ги направиме нашите животи и оние во светот, повеќе мирољубиви.

Молејќи се, овој Божиќен пост да биде од духовна полза за сите нас, јас останувам

да работам на Неговата Лозница со многу љубов,

+Епископ Григориј од Ниса

Извор: http://www.pravoslavie.ru

Превод: Дамјан Божиновски