7 години Веронаука и отпочнување на курсот за источно-црковно пеење во Битола

На 14.10.2016 г., на празникот Покров на Пресвета Богородица, и на споменот на светите музиколози на црквата, св. Јован Кукузел и св. Роман Слаткопевец, во просториите на старата Битолска богословија, беше одбележана 7 годишнината од курсевите по веронаука, а воедно и започна курсот за источно-црковно пеење. 

На свеченоста присуствуваа Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, архиерејскиот заменик протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, како и бројно свештенство и верен народ од Епархијата. Беше отслужен благодарствен молебен, со кој се благослови дотогашниот труд и идните почетоци во доброто дело на пожртвуваниот верен народ.

Господ Исус Христос, по молитвите на Неговата Пречиста Мајка нека ги благослови сите кои се трудат, нека им подари духовно и телесно здравје, и уште многу плодови во спасение на многумина.

20161014_184428 20161014_184441 20161014_190924 ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА