Полетуваме на Месечината? – Преподобен Пајсиј Светогорец

Го прашав еден американец, кој дојде кај мене во келијата:

– Што достигнавте вие, како толку голем народ?

– Ние, – одговори тој – слетавме на Месечината.

– Таа – прашувам, – далеку е?

– Па, да речеме, половина милион километри – одговори тој.

– И колку – реков – милиони потрошивте, за да слетате на неа?

– Од 1950 година до денеска, потрошивме толку многу, како цели реки долари да истекле – одговори американецот.

– А зошто до Бога – прашувам – не долетавте? Бог далеку е или не?

– Бог – рече – многу далеку!

– Ете, гледаш – реков јас – А ние долетуваме до Него со корка сува леб!..

Извор: Nikolay Varzhansky