Источен Петок, Животворен извор на Мајката Божја – Балаклија, Варош

На 16.04.2015, и 17.04.2015 година, кога го празнуваме споменот со Чудотото на Животворниот извор на Мајката Божја, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, отслужи Божествена Литургија, на која го ракоположи братот Никита во јероѓаконски чин.

„Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос,
Кој, иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога;
но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; +и по вид се покажа како човек;
Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст.
Па затоа и Бог високо Го издигна и +Му даде име, што е над секое име,
та во името на Исуса да ги преклони колената на сè што е небесно, земно и подземно,
и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот.“
(Фил. 2, 5-11)