На 17.04.2026 г., кога го празнуваме споменот со Чудотото на Животворниот извор на Мајката Божја, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, протоереј ставрофорот Никола Грамбозов, архимандритот Никодим, еромонахот Јов и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија, во манастирот посветен на Свети Архангел Михаил, во Варош.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови тајни.











