Блажена Тарсо (Тарасија), Христа ради јуродива. (24 септември / 7 октомври, 1989).

Ја нарекувале луда, па дури и болна, но она што го кажувала таа, никогаш не било бесмислено. Сепак, нејзините зборови барале појаснување. Едно прашање, можело да повлече одговор за друго, кое некогаш немало никаква врска, и сепак, токму тоа излегувало вистински одговор на поставеното прашање, и го изразувало тоа што таа го гледала во минатото, сегашноста и иднината.

Тарсо (Tarasia Zagoreou) се родила на 4 јули, 1910 година, во селото Рого, на островот Тинос, во Грција. Таа била најмала од шесте деца. Родителите, посебно мајката, биле длабоко побожни луѓе. Во детските години, Тарсо добила добро образование, била една од најдобрите ученички во класот, земала и часови за мандолина.

Нејзиниот живот потполно се изменил кога имала 14 години. Подоцна, таа го раскажувала за тоа следното: „Еднаш, кога имав 14 години, излегов од дома. Многу деца играа на улицата пред пекарата, кога еден офицер[1] дојде пој мене. Тој ме зеде во своите раце и ме однесе во едно непознато место. И мојот живот, совршено се смени од оттогаш“.

И самата Тарсо се сменила кон оние што ја опкружувале. Таа почнала да се оттуѓува од сите, ја засакала слободата и осаменоста, често раскажувала за животот после смртта, се молела за починатите роднини и дури разговарала со нив. Таа кон сите се однесувала со љубов, но тие што ја опркужувале почнала да се збунуваат од нејзиното однесување и облека: бела туника и шамија, стари чевли. (Кога на Тарсо ќе ѝ даделе нов пар чевли, таа ги удирала додека не почнат да изгледаат како износени).

Семејството ги тревожело поведението на роднината, кое воопшто не се впишувало во рамките на секојдневното. После преселувањето во Атина, во 1942 година, нејзе присилно ја одвеле во психијатриска книника. Лекарите поставиле дијагноза „шизофренија“ и по правилата на тоа време, ја испратиле на операција на черепот.

За време на граѓанската војна, во 1944 година, Тарсо продолжила бестрашно да излегува на учица, дури и после настапувањето на полицискиот час. Еднаш, војници ја довеле дома кај сестра ѝ, зачудено прашувајќи: „Која е оваа жена во бело? Без страв шета среде разлетани куршуми, и останува неповредена!“.

Во 1949 година, мајка ѝ на Тарсо, разочарана од официјалната медицина, и сакајќи барем некако да ѝ помогне на ќерка ѝ, ја одвела во женскиот манастир во Кератеа со надеж за „оздравување“ меѓу светите ѕидови. Тарсо ја молела да ја остави во манастирот, и останала. Почнала да работи заедно со монахињите, била чтец, писар (имала многу убав ракопис), носела вода. И монахињите и мирјаните (гости на манастирот), често кон неа се однесувале со презир, заради нејзиното „чудно“ однесување. Монахињите, чија задача било наутро да ги будат останатите, постојано ја наоѓале Тарсо како седи и се моли. Од тоа време, таа цел живот спиела седејќи, не броејќи ги неколкуте деноноќија, после многу години, кога ја однеле на болница со изгореници.

А потоа, Тарсо почнала да се однесува и да се изјаснува сосема нејасно спрема луѓето околу неа, па дури и ги исмевала: главно, мирјаните. Тогаш ја замолиле да го напушти манастирот, и Тарсо останала без покрив над главата, во буквална смисла на тој збор.

12119037_790068494452593_6793547921444090635_n

Првите години, немала каде да живее, и шетала по полињата и планините. Никој не знаел, каде се крие во невремињата, некогаш ја гледале како седи под дождот во отворено поле, држејќи штица над главата. На седумдесет години, веќе како стара, имајќи потреба од прибежиште, Тарсо сама си направила покрив над главата, без прозорци од камени и дрвени остатоци. Облеката на жената секогаш изгледала износена. Во младоста, таа се трудела да ја скрие својата природна убавина. Еднаш, некој маж, посетител на манастирот, ѝ направил комплимент за нејзините убави очи, и Тарсо веднаш нашла и ставила наочари со дебели стакла, засекогаш расипувајќи си го видот. Подоцна, таа велела: „Што уште сакаат од мене? Ги дадов дури и моите очи…“. А слушајќи, дека има убав нос, таа ставила црна лента преку лицето, и ја носела до староста.

По сведоштвата на сестра Марина, која ѝ носела храна, јуродивата јадела многу малку, и некогаш сосема не јадела, ако сестрата не можела да ја посети цела недела. Еднаш, на предлог од мирјанин, подготвен да и донесе секаква храна, каква Тарсо ќе посака, таа одговорила: „Не треба да ми носите храна. Офицерот и Марија ми носат!“.

Тарсо речиси никогаш не одела во црква. Таа ги сакала децата, и еднаш, кај неа живеело на неколку дена, едно покането девојче, кое потоа раскажувало, дека еднаш навечер, ја видела домаќинката после молитва, како отворила уста, за да касне нешто, кое ѝ го давал некој невидлив!

11062133_790068611119248_3278700609774660382_n 12074722_790068551119254_222054911016752359_n

Најверојатно, Тарсо така и не станала монахиња. И кога ја прашале за тоа, таа ја извадила марамата, и покажала на местото, каде за време на операцијата и го пробушиле черепот, и рекла: „Јас – сум монахиња. Еве ми го постригот. Гледаш, моја сестричке: јас го добив печатот на спасението“.

Сметајќи ја молитвата, за многу важна, таа вака им велела на младите, кои барале совет од неа: „Дошле кај мене, наместо самите тоа да го прават (т.е., да се молат)!“. На друг посетител, Тарсо му предложила заради избегнување на формалностите, некогаш да го менува редоследот на зборовите за време на молитвата. Еве ги нејзините сопствени зборови: „Дури и Бог се изморува од премногу молитви“.

На укорот: „Јас толку се потрудив да дојдам кај тебе, а ти зборуваш само глупости!“, Тарсо одговорила: „Јас зборувам. И кој разбира, ќе разбере“.

Се случувало, Тарсо им раскажувала на луѓето кои ќе дојделе кај неа за нивниот сопствен живот, она што само тие би можеле да го знаат. Исто така, постојат сведоштва, дека истовремено ја виделе на различни места. А еве ги зборовите на Марина: „Јас седев со сестрата крај нејзината колиба. Беше тивко. Наеднаш, таа рече: „Дојди, седни овде, затоа што бурата може да те удри од таа страна!“. И откако го повтори истото уште еднаш, јас се изнервирав: „Не зборувај глупости, биди логична!“ Таа одговори: „Јас и зборувам логично, стамо ти не ме слушаш!“. Одненадеж се зададе бура, старата дрвена врата ми падна право во чело и силно ме рани. Вознемирена, Тарсо ми ја преврза раната како што знаеше, и подоцна во манастирот ми помогнаа сестрите, и раната задрави.“

Последните години од животот, Тарсо ги поминала во манастирската келија. Во октомври, 1989 година, ја одвеле на болница, каде лекарите сакале да ѝ направат операција, на што таа одговорила: „Тие ништо нема да прават. Наскоро, јас ќе отидам кај Маријам“. Така, таа го предвидела својот крај.

Тарсо се лутела, кога некој велел за покојните: „Тој умре“ или „Таа умре“, и ги поправала: „Не: тој си замина во живот!, и нејзиното семејство, толку пати го слушнале тоа од неа, што и после нејзината смрт не очајувале, туку повеќе чувствуале тага, помешана со тивка радост.

Колибата, во која јуродивата поживеала многу години, со необјаснива брзина беше срушена од булдужер, веднаш после нејзиното заминување. Оние кои ја сакале и почитувале Тарсо, со раце ги пребарувале остатоците, за да најдат некои работи кои ѝ припаѓале на покојната. Нешто нашле, а многумина посведочиле, дека подоцна, тие се чуделе на нивната необјаснива слатка миризба.

Еднаш, некој монах од Света Гора ја прашал: „По кој пат одеше, достигнувајќи толку многу, како јуродива?“ Тарсо одговорила: „За каков пат зборуваш? Работи! Јас бев во светот, а потоа умрев. А потоа работа, работа… Јас на дело го следев патот, изложен од светите отци. Јас умрев за светот, го предадов својот живот на Христос, и од тогаш работа, работа.“

12096533_790068644452578_5725602202791099469_n

Извор: Ioannis K. Kornorakis «Tarso
The fool in Christ» (1910-1989)

Павел Белобрицкиј https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=790068907785885&id=100003483489141

[1]  Така Тарсо го нарекувала Ангелот.