Драма

Многуглаголиви говорници
повишиле гласови до небеси,
рашириле раце до немајкаде
мисли им одлутале во беспаќе.

Се собрале, се набрале,
не знаејќи што да прават со себе
откако на себе заборавиле
а на Бога не се сетиле
тргнале да се наситуваат
со ум надалеку да лутаат.

Драма запишуваат Ангелите
за човекот и неговата ненаситност
на тоа зачудени останаа демоните
каде се оди човекот и неговата гордост.

Земја им треба на луѓето
да прошират ниви и градини,
ширина им треба на безумието
за око ненаситно поголеми залаци.

Ако ги прашуваш
нема да знаат да одговорат,
ако за причина ги испитуваш
од објаснувања ќе се уморат,
а всушност, прошепоти Ангелот,
едни до други не научија да живеат
па така им одлетал погледот
на места каде страсти одлучиле да се прошират.

Моето мое е,
твоето мое е,
содржина е на оваа драма
за да причината нема мана
кога земјата ќе изнедри места лесни
кои ќе послужат за гробови пресни.

Крај нема човековата самотија
кога војна прифаќа со леснотија,
но не таа која поглед има кон Небото,
туку таква која не ја памети ни морето.

Заштити, спаси и сочувај
Боже со Твојата Благодат!

zalez

Христијанинот на злото со зло не враќа, он се моли за своите непријатели.
Но секогаш ќе остане зачуден кога од оние од кои очекува да слушне зборови духовни,
слушне зборови светски кои припаѓаат на самољубието и од него произлезената гордост.

Посветено: http://greece.greekreporter.com

(од сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир)