Старец Пајсиј, метафората со атомот

Кога отидовме кај него првпат, старецот нè праша:

– Деца, вие со што се занимавате?

Ние одговоривме дека сме физичари. Играјќи си со зборот физика, тој ни рече:

– Слушајте деца, штом сте физичари, треба да се потрудите да достигнете распаѓање на сопствените атоми, за да излезе многу фина енергија, со чија помош, ќе можете да ја избегнете земјината тежа и да го прегрнете умозрителното сонце, Кое е Христос.