Старец Јаков Цаликис вброен во списокот на светителите

Светиот Синод на Цариградската Патријаршија денес и официјално го вброи во диптохот на светиите блажениот старец Јаков (Цаликис) од Евија, соопштува Romfea.

Св. Порфириј, за упокоениот старец Јаков рекол: „Запамтете ги моите зборови. Тој е еден од најпрозорливите луѓе во нашето време, но го крие тоа за да не биде славен“.

Тој живеел за Божествената Литургија, која ја служел секој ден, со страв и трепет, посветено, и буквално воздигнат. Малите деца и оние со чисто срце го гледале како лебди над подот, или како ангели му сослужуваат. Како што самиот им кажал на неколку луѓе, служел заедно со Херувими, Серафими и светители. За време на Проскомидијата, видел ангели Божји како ги земаат честиците за оние кои биле спомнати и ги поставуваат пред престолот Христов, како молитви. Кога поради проблеми со здравјето паднал болен, се молел пред почетокот на Божествената Литургија со зборовите: „Господи, како човек не можам, но помогни ми да Те прославам“. После тие зборови, тој служел “како да имал крилја“.

Старец Јаков Цаликис
Старец Јаков Цаликис

Тој беше чудесен духовник, и преку неговите утехи илјадници луѓе се вратија на Христовиот пат. Тој ги сакаше неговите чеда повеќе од себеси. За време на исповедта, луѓето вистински почнувале да ја ценат неговата светост. Никогаш не навредил или нажалил некого. Едноставно беше познат како „старец Јаков милиот“.

Секогаш се сеќаваше на смртта и на судниот час. И навистина, си ја предвиде смртта. Го замолил еден светогорски јероѓакон, кого го исповедал утрото на 21 Ноември, последниот ден од неговиот земен живот, да остане во манастирот до пладне, за да го облече. Додека траела исповедта, старецот станал и рекол, „Стани синко. Мајката Божја, св. Давид, св. Јован Руски и св. Јаков штотуку влегоа во келијата“. „Зошто дојдоа, старче?“. „За да ме земат мене“. И истиот момент, неговите нозе се поколебале, и тој паднал. Како што би рекол тој, се претстави како „малечка птица“. Со здив како на птица, си замина од овој свет на Воведението на Пресвета Богородица. На тој ден, беше и неговото воведение во Царството Божјо, во 4.17 ч. Попладнето.

Споменот на старец Јаков ќе се слави на 22 Ноември, по нов стил.

Повеќе за животот на старец Јаков, тука: Старец Јаков (Цаликис) Евбејски

Извор: http://orthochristian.com/108671.html