Соопштение за свечената Литија во чест на Свети Нектариј Битолски

Вo недела на 17.12. 2017 год. по Светата Божествена Литургија, во 10.30 часот, од пред храмот Св. вмч. Димитриј, започнува свечената Литија, во чест на нашиот патрон и Заштитник на градот Битола – Св. Нектариј Битолски. 

Во негова чест, вечерта во 19.часот, во Народниот театар Битола, ќе се одржи Свечена Духовна Академија.

Ве покануваме, сите заедно да го прославиме неговиот спомен!

P1360439

Тропар, глас 1

Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос; си го осветлил карејскиот скит; те воспита градот Битола, оче наш, Нектарие. Просветли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестајно моли се за сите нас. Слава Му на Христа, Кој те прослави, слава Му што те облагодатил, слава Му на Оној, што преку тебе ни даде нам исцеление.