Панихида за Методија Патчев

Со пригодна културно-уметничка програма во Кадино Село, беше одбележана 115-годишнината од загинувањето на војводата Методија Патчев.
Преку рецитали, песни и реферат учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ не потсетија на големото револуционерно дело на Патчев, како и на денот кога тој загинал заедно со својата чета.

„Традиционално како и секоја година така и оваа во Кадино Село ја одбележуваме трагичната смрт на нашиот македонски револуционер Методија Патчев, благодарност до сите граѓани на Кадино Село, на патриотските здруженија, на учениците од подрачното училиште и на сите кои што се присутни тука да го одбележиме оваа херојско дело“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

„Ми причинува особена чест што гледам толку многу народ, а мојата порка е јасна – да ја чуваме и браниме оваа наша земја“, посочи внукот на Методија Патчев – Александар Патчев.

Патриотските здруженија од Прилеп и Охрид во чест на големиот војвода и револуционер организираа панихида на вечното почивалиште во славното Кадино Село.

„За прв пат сме овде и ветуваме дека сето ова ќе стане традиција во наредниве години, како здружение стоиме на браникот за одбрана на Татковината како вистински македонски синови“, посочи Горан Лазарески член на Патриотските здруженија.

По повод 115 годишнината, цвеќиња на гробот на Методија Патчев положија претставници од општината Прилеп заедно со градоначалникот Марјан Ристески, претставици од политичките партии, почитувачи на неговиот лик и дело.

Методија Патчев загинал во 1902 година во Кадино Село заедно со уште седум комити со кои ја бранел Македонија од турско ропство.

6792-prilepskoto-kadino-selo-ne-go-zaboravi-metodija-patcev-960x600-2 6792-prilepskoto-kadino-selo-ne-go-zaboravi-metodija-patcev-960x600-7 6792-prilepskoto-kadino-selo-ne-go-zaboravi-metodija-patcev-960x600-11 ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Преземено: http://www.prilep.gov.mk