Од Писмата на отец Серафим (Роуз) / Писмо 47-мо

21-ви мај / 3-ти јуни, 1970 година.

Г-дин Алекс В. Кател

Здружение Св. Тихон, инк.

598 15-та Авенија

Сан Франциско, Калифорнија 94118

Почитуван господин Кател,

Минатиот петок, вечерта, се вративме во Платина со нашиот нов линотип и безбедно го поставивме на своето место. Потоа ја отворивме нашата пошта и го најдовме чекот од Зружението Свети Тихон од 400 долари. Можете да си замислите како се чувствувавме. Навистина, сè е дадено од Бога – на вистински начин и тоа во вистинско време. Со овие пари веќе успеавме да платиме некои важни трошоци поврзани со купувањето на машината. Ве молиме да ја пренесете нашата срдечна благодарност до здружението Св. Тихон за нивниот највеликодушен и промислен подарок. И молете се за нас да принесеме плодови достојни за љубовта што вие и вашите луѓе ни ја покажавте.

Со благодарност и љубов во Христа, нашиот Спасител,

братот Глеб Подмошенски

братот Евгениј Роуз,

Братството на Отец Герман Алјаски.

 

Превод: Елена Богдановска